Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Почетна

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

БМИ Индекс
Висина (цм)
Тежина (кг)
БМИ индекс

Добредојдовте на страниците на ПЗУ ЗАХАРИЕВСКИ

Актуелно Актуелно

 

Иако сме најдобро познати по нашите услуги во лечењето на брачната неплодност и ЦИН промените на грлото на матката, вие ќе откриете дека нудиме многу, многу повеќе...

Прва посета? Кликнете овде да добиете совети за Пап скринингот, ЦИН, инфертилитетот, контрацепцијата, бременоста, менопаузата, прегледите на дојката, .. како и за многу други теми од содржината на нашиот гинеколошки советник

Актуелни теми од областа на гинекологијата. Најнови коментари и сознанија за теми поврзани со абнормалниот ПАП тест и неговото лекување, неплодноста и вештачкото оплодување како и разни други интересни теми.

Актуелни теми од областа на бременоста. Информирајте се околу најновите коментари и сознаниjа поврзани со бременоста, скрининг методите за рано откривање на аномалии кај плодот, спонтано пометнување, предвремено раѓање и уште многу други интересни теми.

Нашиот пристап

Вашите проблеми од областа на гинекологијата и акушерството ги разгледуваме и решаваме во доверлива и пријателска атмосфера. Хуманиот однос , почитување на личноста и интимата на секој пациент се наши етички приоритети.

Тестирање за неплодност

Проценка на оваријалната резерва со кломифенски тест и трансвагинален ултразвук за одредување на оваријалниот волумен и бројот на антрални фоликули.

Тестирање за машка неплодност

Софистицирана техника за анализа на семето при што се добиваат прецизни и сигурни резултати за бројот, подвижноста и морфологијата на сперматозоидите.

ИВФ - Ин витро фертилизацијата

Оваа метода станува се попопуларна метода за лекување на брачната неплодност. Нашата филозофија е да ви помогнеме во најкус временски рок и со најекономични средства да стигнете до саканата бременост.

Други лекувања за брачната неплодност

Покрај ИВФ процедурата, кај нас се изведуваат и сите други начини на лекување брачна неплодност, вклучувајќи: интраутерина инсеминација (ИУИ), индукцијата на овулција со Clomiphene Serophene и гонадотрпините, како што се Gonal F и Follistin.

Колпоскопија

Овој преглед е неопходен во случај на позитивен ПАП тест. Ние поседуваме современ колпоскоп со кој може да ги одредиме ЦИН промените на грлото на матката, а потоа да земеме прецизна биопсија од сомнителното место. Истовремено земаме брисеви за проверка на ХПВ вирусот.

Лекување на ЦИН промените

Многумина сметаат дека ласерската техника представува најдобар начин за лекување на ЦИН промени. Всушност, ласерот денес поретко се користи, заменет е со помодерни техники како што се ултразвучната и дијатермиската ексцизија. Дијатермиската ексцизија популарно се вика ЛЕТЗ од англиската кратенка (Large Loop Excision of Transformation Zone) или одстранување на трансформационата зона со широко отсекување. Во нашата ординација се користат две техники. за лекување на ЦИН промените: аблативна (иглена дијатермија) и ексцизиона (ЛЕТЗ). Која од нив ќе биде применета зависи од наодот после направена колпоскопија.

Д-р Сци Иво Захариевски