Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Почетна Брачна Неплодност

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

Брачна неплодност

Брачната неплодност се дефинира како неможност за забременување после една година од редовни и незаштитени сексуални односи. Оваа дефиниција се користи само како рамка.

Од вкупниот број жени кој се наоѓаат во репродуктивен период, месечната веројатност за забременување е околу 20-25%. Ова значи дека на секои 100 жени кои се обидуваат да забременат, во првиот месец 25 жени навистина забременуваат. Ако останатите 75 жени продолжат да се обидуваат во вториот месец, 25% од нив или 18,75 повторно ќе забременат. Во секој нареден месец бројот на оние кои не забременале ќе се намалува за 25%. После една година околу 95% од почетната група на жени ќе забременат. Токму вака е добиена дефиницијата за брачната неплодност. Таа претставува статистичка дефиниција.

Способноста за забременување во голема мерка зависи и од возраста на пациентката. Споменатата месечна веројатност за забременување (20 - 25%) е помала кај постарите во однос на помладите жени. За да забременат 95% од повозрасните пациентки потребен е период подолг од една година. Но, со минување на времето, нивната способност за забременување и понатаму се намалува. Поради тоа, кај овие пациентки не е мудро да се советува чекање бидејќи со тоа нивната веројатност за забременување само се намалува. Кај нив лекувањето треба да започне порано. Многу специјалисти сметаат дека брачните парови на возраст од 37 години или повеќе треба да го започнат испитувањето за брачна неплодност после 6 месеци а не да чекаат една година.

Дефиницијата за брачна неплодност се прилагодува и во зависност од можноста за раѓање а не само врз можноста таа да остане бремена. Ова е поради фактот што некои жени можат да забременат но не можат да ја износат бременоста, односно тие понатаму имаат спонтани абортуси. Поради тоа, на пример, кај жена на која и требале 8 месеци да забремени а потоа имала спонтан абортус наредниот месец не го започнуваме како прв во обидот за забременување.

И на крајот, основниот проблем за неплодност мора да се земе во предвид. На пример, кај пациентка која има запушување на двете туби не треба да се чека една година за да се докаже дека таа не може да забремени. Истото важи и за пациентка која не овулира. Кај ваквите пациентки дијагнозата за инфертилитет се поставува веднаш.

Инфертилитет наспроти субфертилитет

Термините стерилитет или инфертилитет во стварност се погрешни термини (тие подразбираат неможност за забременување). Најголем број од пациентките кои доаѓаат на преглед не да не можат да забременат туку едноставно не забременуваат толку брзо колку што сакаат. Поради тоа, подобар термин за ваквите пациентки е субфертилитет. Ова значи дека ако им дадеме доволно време, пациентките ќе забременат без никаква медицинска помош.

Но без разлика какви термини користиме (инфертилитет или субфертилитет) брачните парови кои не можат да забременат имаат вистински проблем и тие поради тоа многу страдаат. Ваквите пациентки треба да бидат лекувани на ист начин како и било кој друг пациент со хронично заболување.

Колкав е процентот на инфертилитет?

Публиковани се бројни проценки за бројот на инфертилни брачни парови. Во зависност од развиеноста на земјата овој процент варира од 10 – 20 %. Во Македонија овој процент е околу 16% од сите жени во репродуктивен период. На жалост само една петтина од нив бараат медицинска помош.