Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Почетна Бременост ТемиФетални аномалии

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

ФЕТАЛНИ АНОМАЛИИ


ДАУНОВ СИНДРОМ

Анализа на хромозомите открива вкупно 47 хромозоми, + 21 кариотип или еден хромозом повеке на 21-от пар (карактеристично за Даунов синдром)
Карактеристики на лицето, забележливи се изразени епикантални набори (кожни набори на горните очни капаци кои го покриваат внатрешниот агол на очите)
Карактеристики на рацете, абнормален попречен набор преку целата дланка. На петтиот прст постои еден набор (типично за тризомија 21).
Карактеристични микроскопски наоди, еден од нив е прикажан на сликата. Во тимусот постојат зголемени цистични Хасалови корпускули.Се гледа намалување на бројот на лимфоцити (Т-лимфоцити) и тоа води кон ослабен имунитет кој може да биде присутен кај Дауновиот синдром.

 

ЕДВАРДСОВ СИНДРОМ (ТРИЗОМИЈА 18)

Кариотип, дијаграм, aнализа на хромозомите одкрива 47 хромозоми односно еден е вишок на позиција 18

Типични карактеристики на лицето во третиот триместар. Лицето е мало во пропорција со главата, долната вилица е неразвиена.
Типични карактеристики на лицето во вториот триместар. Лицето е мало во пропорција со главата, долната вилица е неразвиена.
Дијафрагмална хернија кај тризомија 18, цревата се видливи во градниот кош, додека црниот дроб е ориентиран вертикално (левиот лист на дијафрагмата не постои)

 

СПИНА БИФИДА

21-от ден после оплодувањето наборите од ткивото на грбот од ембрионот започнуваат брзо да сраснуваат еден со друг за да го формираат кичмениот канал. Само еден ден покасно (цртежот во центар), сраснувањето е скоро комплетно. Меѓутоа, ако наборите не успеат да се затворат во целост (крајно десно) развојот на кичмата, мускулите и кожата на овој регион се пореметени и бебето ќе се роди со спина бифида.
Миеломенингокела е тешка форма на спина бифида во која мембраните и кичмената мождина излегуваат од кичмениот канал, формирајќи кеса на грбот од бебето. Изложените неври и мускули можат да се инфицираат и поради тоа треба да се направи итна хируршка операција.