Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

ПочетнаГинеколошки темиХПВ вакцина

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

ХПВ Вакцина

За кого е наменета ХПВ вакцината?

Гардасил и Церварикс ХПВ вакцините се лиценцирани, сигурни и ефикасни вакцини кои штитат од ракот на грлото на матката. Гардасил вакцината исто така штити и од појава на најголем број генитални брадавици, ракови на вулва, вагината и анусот. Двете вакцини се даваат кај сите девојки на возраст од 9 до 26 год возраст (најдобро во периодот 11 - 12 години).
Гардасил вакцината е лиценцирана, сигурна и ефикасна и кај машките на возраст од 9 до 26 години (најдобро да се даде во периодот од 11 - 12 годни).
Вакцината се дава преку три одвоени дози во период од шест месеци.

Зошто се дава ХПВ вакцината на толку млада возраст?

Затоа што е најдобро таа да се прими во периодот пред започнување со било какви сексуални односи или генитални допирања со друга особа. Исто така и титарот на антитела е поголем кога вакцината се дава во оваа возраст.

Дали е вакцината корисна кај жените кои се веќе сексуално активни?

Да, но користа е помала ако девојката/жената веќе била во контакт со некој од четирите подтипа на ХПВ кои се содржат во вакцината. За среќа, процентот на девојки кои се заразени одеднаш со сите четири подтипови на ХПВ е мал. Поради тоа, сексуално актвините жени ќе имаат корист од вакцината но само во поглед на оние подтипови ХПВ со кои тие не биле во допир.

Зошто ХПВ вакцината се препорачува само кај девојки/жени на возраст од 9 до 26 години?

Затоа што вакцината е најмногу тестирана токму кај 9 до 26 годишни девојки/жени, информациите за ефикасноста и сигурноста на вакцината за оваа возрасна група се најсигурни и затое е добиена дозвола за лиценцирање исклучиво за оваа возрасна група. Веќе се започнати испитувања во врска со ефикасноста и сигурноста на вакцината кај жени постари од 26 години, но резултатите не се готови. Засега вакцината не е лиценцирана за жени постари од 26 години.

Дали може ХПВ вакцината да се дава кај бремени жени?

Не е препорачливо вакцината да се дава на бремени жени. Студиите кај пациентки кои ја примиле вакцината без да знаат дека се бремени покажуваат дека таа не им наштетила на бабињата. Ако пациентката дознала дека е бремена откако примила една доза на вакцина не значи дека треба да се прекине бременоста, препораката е другите дози на вакцината да се примат после раѓањето не во текот на бременоста.

Каква е ефикасноста на ХПВ вакцината?

Студиите укажуваат дека вакцината е скоро 100% ефикасна во спречување на болест предизвикана од четирите подтипа на ХПВ кои се содржат во вакцината - вклучувајќи ги предраковите промени на грлото на матката, вулвата, вагината и гениталните брадавици. Вакцината е најповеќе истражувана кај млади девојки кој не биле во допир со било кој од четирите подтипови ХПВ содржани во вакцината.
Вакцината е помалце ефикасна кај оние девојки кои веќе биле изложени на некој од подтиповите ХПВ кој се содржат во вакцината.
Вакцината не ја лечи постоечката ХПВ инфекција, не ги лечи гениталните брадавици, нити ги лечи предраковите или раковите промени предизвикани од ХПВ.

Колку долго трае заштитата одкако ќе се прими вакцината? Дали треба да се прават ревакцинации?

Досега не е познато времетраењето на заштитата (имунитетот) после вакцинирањето. Истражувањата ги следеле жените до 5 години и откриле дека заштитата е сеуште присутна. Потребни се понатамошни истражувања да се открие колку точно трае заштитата и дали е потребна ревакцина.

Од што не не заштитува вакцината?

Бидејќи вакцината штити само од четири ХПВ подтипови, таа нема да не заштити од преостанатите подтипови ХПВ кои можат да предизвикуваат рак на грлото на матката или од сите видови на брадавици. Околу 30% ракови на грлото на матката нема да бидат спречени со примање на вакцината, така што жената ќе мора и понатаму да има скрининг за рак на грлото на матката (редовни ПАП тестови). Исто така вакцината не дава заштита за околу 10% од гениталните брадавици - нити пак ќе спречи други сексуално преносливи инфекции. Затоа е многу важно сексуално активните девојки/жени и понатаму да бидат свесни дека со примање на вакцината опасноста не е помината и дека тие можат да бидат заразени со преостанатите видови на ХПВ а исто така и со други сексуално преносливи болести.

Дали девојките/жените ќе бидат заштитени од ХПВ ако не ги добијат сите три дози на вакцината?

Сеуште не се знае колкава е заштитата од добивање на една или две дози од вакцината. Поради ова, многу е важно девојките/жените да ги примат сите три дози на вакцината.

Колку е сигурна ХПВ вакцината

Вакцината е лиценцирана од авторитетната ФДА агенцијата на САД како сигурна и ефикасна. Таа е тестирана на илјадници девојки/жени на возраст од 9 - 26 години во целиот свет. Испитувањата не покажале сериозни споредни ефекти. Најчест спореден ефект е болка во раката, односно на местото на ставање на вакцината. Во последно време има известувања дека некои од девојките кои примиле вакцина, омалаксуваат или паѓаат во несвест. Поради тоа се советува тие да поседат во здравствената установа околу 15 минути по добивање на вакцината . Состојбата во врска со споредните ефекти на вакцината редовно се следи и е под постојан мониторинг на најрелевантните институции во светот.

Од што е направена вакцината?

Таа е направена од протеини на надворешната обвивка на вирусот (ХПВ). Нема инфективен материјал во оваа вакцина.

Колкава е цената на ХПВ вакцината?

Цената на една доза е околу 5000 Денари (15,000.00 Денари за сите три дози). Но во нашата држава, Владата на Република Македонија одлучи таа да биде бесплатна за сите девојки на возраст од 9 - 26 години.

Што треба да знаат вакцинираните девојки/жени?

Вакцината се дава во три дози во период од 6 месеци. Втората и третата доза се даваат после 2 и 6 месеци од давањето на првата доза.

Дали девојките/жените кои се вакцинирани треба и понатаму да имаат ПАП тестови?

Да, бидејќи вакцината не штити од сите видови на ХПВ кои предизвикуваат рак на грлото на матката, што значи дека вакцинираните жени и понатаму се под ризик за добивање рак на грлото на матката. Второ, ако не се примат сите три дози на вакцината или ако не се примат во право време, заштитата нема да биде потполна. Трето, ако жената е веќе заразена со некој од четирите вида ХПВ содржани во вакцината, заштитата нема да биде потполна.

Според тоа девојките/жените и покрај примањето на ХПВ вакцина и понатаму треба да имаат ПАП тестови.

Дали треба девојките/жените да имаат ПАП тест пред да добијат вакцина?

Не, девојките/жените не треба предходно да имаат ХПВ или ПАП тест за да бидат вакцинирани. ХПВ или ПАП тестот откриваат присуство на ХПВ инфекција но не го откриваат видот на ХПВ. Дури и ако постои зараза со еден од ХПВ видовите содржани во вакцината, таа е и понатаму корисна бидејќи дава заштита од другите три ХПВ видови.