Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Почетна Гинеколошки темиХПВ инфекција кај мажите

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

ХПВ Инфекции кај мажите

Кои се симптомите на ХПВ кај мажите?

Најголем број мажи инфицирани со ХПВ немаат никакви симптоми. Меѓутоа кај некои се јавуваат генитални брадавици. Тие се во гениталната област и се поединечни, групни, издигнати, равни или во вид на карфиол.

Кај мажите, гениталните брадавици се јавуваат околу анусот, на пенисот, скротумот, препоните или надколеницата. Дури и мажите кои никогаш немале анален секс можат да добијат брадавици околу анусот. Брадавиците се појавуваат за неколку недели или месеци после сексуален контакт зо заразена особа, но можат и воопшто да не се појават. Некој може да биде заразен со ХПВ кој предизвикува генитални брадавици и истовремено да нема брадавици.

Како мажите го добиваат гениталниот ХПВ?

Гениталниот ХПВ се добива со генитален контакт - како што е вагинален или анален секс. Кога ќе го добијат вирусот ХПВ, мажите и жените го пренесуваат понатаму без да бидат свесни за тоа. Гениталните брадавици исто така можат да се пренесуваат понатаму од страна на особа која го има вирусот ХПВ но самата нема видливи брадавици. Бидејќи вирусот меже да биде "тивок" подолг период, луѓето може да бидат заразени со генитален ХПВ дури и ако поминале повеќе години од последниот сескуален однос.

Каква е врската меѓу ХПВ и ракот на пенисот и ракот на анусот?

Некои видови на ХПВ кај мажите се поврзани со ракот на анусот и ракот на пенисот. Овие ракови се ретки - нарочито кај мажи со здрав имун систем. Видовите на ХПВ кои предизвикуваат рак на пенисот или анусот не се исти со видовите на ХПВ кои предизвикуваат генитални брадавици.

Колку е честа ХПВ инфекцијата кај мажите?

Преку половина од сексуално активните мажи се заразуваат со ХПВ во некој период од својот живот.Околу 1% од нив ќе имаат видливи брадавици.

Во развиените земји ракот на пенисот е застапен со 0,2% од сите ракови кај мажите.

Ризикот за анален рак е 17 пати поголем кај хомосексуалци и бисексуалци од колку кај хетеросексуални особи.

Ризикот е исто така поголем кај мажи со ослабен имун систем, вклучувајќи ги тука и оние се СИДА.

Дали постои тест за ХПВ кај мажите?

До денес нема лиценциран тест за откривање на ХПВ кај мажите. Меѓутоа, има начин да се откријат најчестите проблеми предизвикани од ХПВ кај мажите, гениталните брадавици. Тоа се прави со визуелен преглед. Понекогаш, за откривање на равните брадавици се користи боење со оцетна киселина, но овој тест не е специфичен само за брадавиците.

Дали има тестови за откривање на ХПВ предракови промени кај мажите?

До денес нема тестови за откривање на ХПВ предракови промени кај мажите, како што е тоа случај кај жените (Пап тест). Сепак, бидејќи аналниот рак е почест кај хомосексуалците, бисексуалците и СИДА позитивните мажи, некои експерти препорачуваат рутински Пап тестови за овие групи. Аналниот Пап тест се користи за откривање абнормални клетки во анусот кои после некое време можат да се претворат во рак. Меѓутоа, не е сосема сигурно дека со откривањето и одстранувањето на абнормалните клетки од анусот ќе се спречи во иднина појавата на анален рак. До денес нема препорака за спроведување скрининг за анален рак.

Дали има лек или излекување од ХПВ?

Нема нити лек нити излекувањеод ХПВ. Но, постојат начини да се лекуваат промените предизвикани од ХПВ кај мажите како што се гениталните брадавици, ракот на пенисот и ракот на анусот.

Гениталните брадавици можат да се лекуваат со медикаменти, хируршки или со смрзнување. Некои методи ги спроведува пациентот додека другите ги спроведува доктор. Аке не се лечат, гениталните брадавици можат да изчезнат сами од себе, да останат непроменети или да се зголемат по големина или број. Тие не се претвараат во рак. Од овие причини некои мажи одлучуваат да не ги лекуваат и да видат дали тие самите ќе исчезнат.

Ако е така зошто мажите би биле загрижени за ХПВ?

Ико најголем број ХПВ позитивни мажи немаат никакви здравствени проблеми, некои сепак имаат зголемен ризик за добивање на ХПВ болест. Тука спаѓаат СИДА позитивните мажи кај кои постои зголемена веројатност дека гениталните брадавици ќе траат подолго и ќе бидат потешки за лекување. Тие исто така почесто добиваат рак на анусот.

Мажите треба да знаат дека несвесно го пренесуваат ХПВ на нивните сексуални партнери. Споредени со хетеросексуалните мажи, жените почесто заболуваат од ХПВ - најопасна болест е ракот на грлото на матката. Овој рак кај жените е многу почест во споредба со ракот на пенисот или ракот на анусот кај мажите.

Дали постојат начини да се намали ризикот од добивање на ХПВ?

Бидејќи ХПВ е многу чест и невидлив, единствен начин да се спречи зараза со него е да се нема секс или да се има секс само со неифицирана особа. Ризикот се намалува со намалување на бројот сексуални партнери или со одбирање на паратнер кој од своја страна имал малце или воопшто немал други сексуални партнери. Кондомите исто така го намалуваат ризикот за добивање ХПВ инфекција. Но нивната заштита не е потполна, бидејќи ХПВ може да ја зарази кожата која не е покриена со кондом. Сепак, докажано е дека кондомите го намалуваат ризикот за добивање генитални брадавици и рак на грлото на матката. Кондомите исто така го намалуваат ризикот од добивање ХПВ и други сексуално преносливи болести, но ваквата заштита зависи од нивното правилно и навремено користење.

Најчести прашања кои ги поставуваат мажите

Слушам дека постои ХПВ тест за жените но нема за мажите, зошто?

Точно е дека денес постои ХПВ тест кој се користи кај жените како дел од скринингот за рак на грлото на матката. Овој тест открива одредени подтипови на ХПВ кои предизвикуваат рак кај чените и не е наменет да го открива ХПВ вирусот кај мажите.

До денес не е пронајден тест кој би ги одредувал сите ХПВ вируси односно би го одредувал ХПВ статусот кај мажите или жените - дали е некој "ХПВ позитив" или "ХПВ негатив". Важно е да се знае дека ако некој го има вирусот во најголем број случаи тој не предизвикува никакви здравствени проблеми и исчезнува сам од себе.

Мојата партнерка штотуку откри дека има ХПВ ...

Што значи тоа за мене? Ако едниот партнер има ХПВ тогаш и другиот партнер највероватно има ХПВ. Ако сте партнери подолго време, тогаш највероватно и вие го имате вирусот. Видовите на ХПВ кои ја ставаат жената под ризик за добивање рак на грлото на матката многу ретко предизвикуваат здравствени проблеми кај хетеросексуалните мажи.
Што значи тоа за неа? Ова вероватно значи дека таа има вид на ХПВ на грлото на матката кој може да ја стави под ризик за добивање рак на грлото на матката. Таа треба да има контролни прегледи кај нејзиниот гинеколог, за да не добие рак на грлото на матката во иднина . Исто така треба да знае дека ХПВ во најголем број случаи исчезнува сам од себе.
Што значи тоа за нас? ХПВ не значи дека вие или вашиот партнер сте биле неверни еден кон друг. ХПВ може долго време да биде притаен во телото пред да биде откриен со тестот. Партнерката или партнерот можеби имале ХПВ во себе од многу одамна и не постои начин да се открие кога и од кого таа или тој добиле ХПВ.