Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Почетна Гинеколошки теми Генитални брадавици

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Генитални брадавици

Што се тоа генитални брадавици?
Гениталните брадавици претставуваат израстоци на кожата околу вагината или ректумот. Тие можат да бидат равни и бели. Исто така можат да бидат многу мали и да се чувствуваат како ситни тврдини на кожата. Можат да бидат и многу големи и да изгледаат и да се чувствуваат како мали карфиоли.

Како се добиваат гениталните брадавици?
Гениталните брадавици се пренесуваат по сексуален пат. Тие се добиваат после сексуален однос со партнер кој веќе го има вирусот.

Дали брадавиците се предизвикуваат од вирус како на пример вирусот за кашлица?
Да, брадавиците се предизвикани од вирус кој носи име хуман папилома вирус или ХПВ (прикажан на сликата подолу). За разлика од кашлицата, кога еднаш ќе се добие вирусот ХПВ, тој може да остане во телото дури и ако не се појават видливи брадавици.

Дали брадавиците се опасни?
Постојат преку 100 видови на ХПВ. Тие се присутни кај околу половина од целокупното население. За најголем број луѓе, ХПВ и брадавиците кои се негова последица не представуваат проблем. Во стварност само околу 30 видови на ХПВ претставуваат проблем за женската популација. Овие видови можат да предизвикаат рак на грлото на матката. Со еднаш годишни ПАП тестови, вирусот се открива. Исто така се открива и видот на ХПВ кој може да предизвика рак на грлото на матката. Ако имате таков вид на ХПВ тогаш се прават уште неколку тестови или лекувања со цел да се отстранат можните абнормални клетки од грлото на матката. Поради ова еднаш годишните ПАП тестови се многу важни, посебно ако постои инфекција со ХПВ вирусот.

Како се лекуваат брадавиците?
Иако не може да се одстрани ХПВ вирусот од телото, постојат разни начини за да се одстранат брадавиците. Ова се прави откако докторот прво ќе ги прегледа брадавиците. Ако ги има многу, обично со користење на една блага киселина брадавиците се горат. Ова е безболно а капките се ставаат во неколку наврати. Кога повеќето од нив ќе се изгубат со додатна употреба на крема преостанатите брадавиците комплетно се одстрануваат. Понекогаш брадавиците исчезнуваат и без лекување. Најважно е да се запамти дека без оглед што се отстранети брадавиците, ХПВ вируст и понатаму е останува во телото.

Како да се избегне добивање на Брадавици?
Бидејќи ХПВ вирусот се добива преку сексуален однос, единствен начин да се избегне негово добивање е воопшто да се нема сексуален однос. Ако пак имате сексуални односи, тогаш најдобар совет е да се намали бројот на сексуални партнери. Ако имате сексуалне однос само со една особа и ако таа особа има сексуални односи само со вас, тогаш шансите за добивање на брадавици или други сексуално преносливи болести се сведени на минимум. Исто така е препорачливо да се користат кондоми. Користењето на кондоми направени од латех и сексуални односи само со еден партнер представува најсигурен начин за да не се добие ХПВ вирусот и брадавиците кои тој ги предизвикува.

Како да се избегне добивање рак на грлото на матката ако имате брадавици?
ПАП тестот ги открива раните промени во клетките пред да се појави ракот и затоа тој треба да се прави еднаш годишно. Прекинот на пушењето, истотака, е најважната работа што треба да се направи за да се избегне добивање рак на грлотот на матката.