Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Почетна Гинеколошки теми Сексуално преносливи болести

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

СЕКСУАЛНО ПРЕНОСЛИВИ БОЛЕСТИ (СПБ)

Зошто да се тестирам ?
Сексуално преносливите болести (СПБ) се многу чести. Истражувањата укажуваат дека до 25 годишна возраст, околу половина од сексуално активните луѓе ќе се заразат со некоја СПБ. Ако сметате дека тоа неможе вам да ви се случи, размислете два пати. Најчесто овие болести се подмолни и не покажуваат никакви симптоми, затоа најголем број од заразените особи сметаат дека се здрави. Единствен начин да се дознае дали вие или вашиот партнер имате СПБ е да се тестирате. Добрите вести се: Сите СПБ се лекуваат а многу од нив можат конечно да се излекуваат. Нелекувањето може да предизвика трајни последици по здравјето на сексуалните партнери како на пример неможност за забременување, рак на гениталните oргани и друго. Згора над се ако сте веќе заразени со некоја од СПБ а имате секс со партнер кој е исто така заразен, вашиот ризик од добивање СИДА или други СПБ уште повеќе се зголемува. 
Ако имате било какви промени во гениталната област или било каков секрет или нелагодност при мокрењето, потребно е веднаш да се јавите на лекар и да проверите дали се работи за СПБ. Треба да се знае дека сите генитални инфекции не се СПБ. На пример израстоци на кожата во вид на тврдина или меурчиња кои потекнуваат од коренот на влакната можат погрешно да бидат означени како СПБ. Исто така габичните инфекции по грешка можат да се сметаат за СПБ. Лекарот треба да ги разјасни овие дилеми и да одлучи дали треба да се направат тестови за СПБ. 
Никој не сака да говори за својата сексуална историја, но пред да започнете нова сексуална врска, најдобро е отворено да разговарате за вашата претходната сексуална историја и да направите тестови за СПБ. Реалноста е дека со стапување во сексуална врска вие доаѓате во контакт не само со вашиот нов сексуален партнер туку и со сите неговите дотогашни сексуални партнери ... и со нивните претходни сексуални партнери ... Ова можеби изгледа застрашувачко но со зазамање на активен став и со тестирање за СПБ на стартот од сексуалната врска ситуацијата може да се стави под контрола .

Дали можам да препознаам СПБ кај мене или кај мојот партнер?
Единствен начин да се знае дали вие или некој друг има СПБ е да се направат тестовите. Никогаш не може на прв поглед да се каже дали некој има или нема СПБ. Ова е од причина што СПБ се многу чести, што е потребен е само еден сексуален однос за да се заразите и што овие болести (вклучувајќи ја и СИДАТА) немаат НИКАКВИ симптоми. Баш никакви. Од тука доаѓа несвесноста на многу луѓе за својата заразеност. Ако сакате да знаете дали сигурно имате или немате СПБ тогаш треба да се ТЕСТИРАТЕ и ВИЕ и ВАШИОТ ПАРТНЕР (ТВВП). Знаењето овозможува да се излечи секоја болест. Проверете го вашето тело на време и дознајте го вашиот статус. ТВВП.

На кој СПБ би требало да се тестирам?
СПБ не се како алергиите, не постои еден тест со кој се проверуваат сите СПБ. Тестовите се специфични за секоја СПБ посебно. Вие заедно со докторот треба да одлучите која СПБ треба да се тестира. Не треба да сметате дека ако сте направиле крвна слика, уринализа или ПАП тест дека сте биле тестирани на СПБ. Ако сакате да знаете дали имате некоја СПБ треба да имате специфични тестови за СПБ.
Со вашиот доктор треба отворено да разговарате за вашата претходна сексуална историја. Тој е тука да ви помогне а не да ве прекорува. Докиторот помага во одредување на тестовите што треба да се направат. Некој СПБ се толку чести што докторот може да предложи редовни контроли.

Како се прави тестирањето?
Ова зависи од вашата возраст, пол, сексуална историја и видот на тестот.
Тестирањето може да вклучи:
-Преглед (на знаци за инфекција како на пример осип, секрет, улцери или брадавици). Примероци можат да бидат земени од:
- Урината (за тестирање на кламидија и гонореа),
- секрет од телото, ткиво, клетки или брис од устата (за тестирање под микроскоп на кламидија, гонореа, херпес или ХИВ),
- крв (за тестирање на сифилис, херпес или ХИВ). 
Вие треба точно да знаете за која СПБ ќе бидете тестирани. 
Дијагнозата понекогаш може да се постави само врз основа на симптомите и прегледот така што терапијата може веднаш да се препише. Во друг случај се нарачуваат тестовите.

Што ке се случи ако имам позитивен резултат? 
Сите СПБ можат да се лекуваат а некој и дефинитивно да се излечат. За некој СПБ има повеќе начини на лекување додека сите се лекуваат различито. На пример:
Ако имате позитивен тест на Кламидија, ќе ви биде препишан антибиотик и тој ќе ја излечи болеста. Вие може повторно да се заразите со кламидија ако имате секс со особа која има кламидија, поради тоа пред да започнете повторно со сексуални односи многу е важно и вашиот партнер да се тестира и лекува од кламидија. 
Ако сте позитивни на Херпес тогаш ќе ви биде препишан лек кој ги лекува симптомите. Овие лекови помагаат да се спречи повторната појава на херпесот и да се минимизира неговата јачина и можноста за пренос на партнерот.

Како да му соопштам на мојот партнер дека имам СПБ?
Некој разговори не се лесни. Ваквото соопштение е едно од нив. Но не се работи само за вас. Вашиот партнер треба и мора да знае дали има СПБ за да може да се тестира и последователно ако е позитивен да се лекува. Секој добива СПБ од некој друг. Еден начин за спречување на ширењето на СПБ е отворен разговор и поради тоа треба да се разговара. Иако тоа нема да биде лесен разговор сепак многу е важно да се разговара. Често пати ваквите разговори уште повеке ги зближуваат партнерите. Бидете за вашиот партнер она што и вие посакувате тој да биде за вас.

ПЗУ Захариевски може да ви помогне да одлучите кој тестови треба да ги направите.