Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

ПочетнаГинеколошки теми Контрацепција тинејџери

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Новина: Промена на ставовите од 2007 година

Најдобра контрацепција за сите жени и адолсцентни девоји се Интраутерините спирали и Контрацептивните импланти

Септ 2012 – Во најновиот број на часописот Обстетриција и Гинекологија Американскиот Колеџ за гинекологија и акушерство објавува дека најдобри контрацептивни методи за адолесцентните девојки се интраутерините спирали и контрацептивните импланти. Тие се најдобри затоа што имаат најмал процент несакани бремености и бидејќи најдобро се поднесуваат.

Процентот на несакани бремености кај краткотрајните контрацептивни методи (кондомите, контрацептивните таблети, контрацептивните налепници, вагиналните прстени и контрацептивните инекции) е 22 пати повисок од колку кај долготрајните контрацептивни методи (интраутерините спирали и хормонските спирали со левоноргестрел). Процентот на несакани бремености кај долготрајната контрацепција е помал од 1%. Кај краткотрајната контрацепција ризикот од несакана бременост е двојно поголем кај девојките под 21 година во споредба со жените над 21 година, кај долготрајната контрацепција овој ризик е подеднаков за сите возрасни групи( Журналот за Медицина на Нова Англија, Мај 2012).

Продолжувањето со користење на контрацепција после една година е поголемо кај корисничките на долготрајна контрацепција во споредба со корисничките на краткотрајна контрацепција. Од 1387 кориснички на краткотрајна контрацепција (возраст 15 - 24 години) само мал процент продолжиле да ја користат после една година и тоа 16% од корисничките на тромесечни инекции, 11% од корисничките на налепници и 30% од корисничките на вагинални прстени и орални таблети.

За разлика од нив процентот на тинејџерки кои после една година продолжуваат со користење на долготрајна контрацепција е над 70%. Истражувањата во 2011 година од страна на Универзитетот во Вашингтон откриваат дека после една година продолжуваат со користење 86% од корисничките на долготрајна контрацепција и 55% од корисничките на краткотрајна контрацепција (испитано на 4167 девојки и жени на возраст од 14 до 45 години). Во друга студија во која е испитан процентот на продолжување со хормонската спирала се открива дека 85% од жените помлади од 20 години и 80% од жените постари од 20 години продолжуваат со користење на спиралата после една година. Продолжувањето со користење на бакарни спирали кај тинејџерите е нешто помало (72%) но овој процент е сепак многу поголем отколку кај краткотрајните методи.

Долготрајниот метод на контрацепција станува се попопуларен иако е сеуште во сенка на краткотрајната контрацепција. Во 2002 година во САД само 2,4% од жените користеле долготрајна контрацепција додека во 2009 год овој процент се покачил на 8,5%. Во периодот од 2007 - 2009 година за возрасната група од 15-19 години само 4,5% од сите кориснички на контрацепција користеле доготрајна контрацепција (Гутмахер Институт, ЊуЈорк).

Авторите велат дека кога се размислува за контрацепција, адолесцентите треба да се подржат во правец на долготрајна контрацепција. Интраутерините спирали и контрацептивните импланти се најдобрите реверзибилни методи за спречување на несакана бременост, чести повторувачки бремености и аборутси кај младите жени.

Какви се компликациите кај долготрајната контрацепција

Компликациите од носење на спирала се ретки. Истражувањата покажуваат дека жените кои користат спирали немаат зголемен ризик од пелвична инфламаторна болест (ПИД) нити се под зголемен ризик за неплодност. Нема разлика во компликациите кај корисничките на спирали меѓу адолесцентите и повозрасните жени.

Студиите покажуваат дека релативниот ризик за ПИД е зголемен првите 20 дена по ставањето на спирала и после тоа се враќа на базално ниво додека апсолутниот ризик е низок. Ризикот за ПИД после ставање на спирала е помеѓу 0% и 2% кога нема цервикална инфекција, и помеѓу 0% и 5% кога има неоткриена инфекција. Кога постои инфекција причината е најчесто бактериската контаминација а не спиралата.

Ако има позитивен тест за кламидија после ставање на спирала ризикот за ПИД не е зголемен ако инфекцијата се лечи веднаш. Се смета дека спиралите можат да го намалат ризикот за инфекција со задебелување на цервикалната слуз и истенчување на ендометриумот.

Испитувањата направени во 2010 год на Центарот за Контрола и Спречување на Болестите на САД укажуваат дека младите девојки (возраст 15 – 19 год) имаат втора по големина застапеност на кламидијални инфекции и најголема застапеност на инфекции со гонореа, поради тоа тие препорачуваат да се направи тестирање за сексуално преносливи болести, со напомена дека овие болести можат да се лекуваат и додека е спиралата на место.

Заклучок

Со оглед на врвната ефикасност, високиот процент на задоволство и континуираност на користењето како и поради непотребноста од дневна рутина во земањето, долготрајната метода на контрацепоција треба да биде прв избор за сите жени и адолесцентни девојки.