Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Почетна Гинеколошки темиГинеколошки скрининг

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

ГИНЕКОЛОШКИ СКРИНИНГ

Што е тоа скрининг?
Со терминот Скрининг означуваме активно барање рани знаци за некоја болест или пореметување во организмот на "здравите" луѓе. Ова е од причина што во најраните стадиуми болеста или пореметувањето не покажуваат никакви симптоми. Скринингот не може да ја спречи болеста или инфекцијата или вродената аномалија, но може да ја открие во рана фаза.

Кои се карактеристиките на добар скрининг тест?
Прва и најважна карактеристика на секој скрининг тест е дека тој мора да ја открива болеста во што порана фаза. Кога овој услов е исполнет тогаш треба да се исполнат и следните услови:
Тестот не смее да дава лажно негативни резултати (да не е негативен кога има болест)
Тестот не смее да дава лажно позитивни резултати (да не е позитивен кога нема болесат)
Тестот треба да биде лесен за правење, да не е опасен нити непријатен за пациентите
Тестот треба да е ефтин.
"Лажно позитивниот" тест непотребно ги загрижува пациентите дека имаат болест и ги принудува да прават дополнителни прегледи/тестови кои од своја страна предизвикуваат нови емоционални и финансиски оптеретувања.
"Лажно негативниот" тест е уште позагрижувачки бидејќи прави илузија дека пациентката е здрава односно дека нема болест кога во стварност болеста ја има.

Од овие причини пред да се започне со употреба на некој тест за скрининг, секогаш прво се прават големи клинички испитувања со цел да се одредат сите карактеристики на потенцијалниот тест. Ако тие се покажат како задоволителни, тестот се препорачува за масовна употреба.

Какви гинеколошки скрининг тестови постојат?
Денес постојат многу гинеколошки скрининг тестови. За Скрининг во бременост притисни овде.

Основниот гинеколошки скрининг се состои во: детално разгледување на гинеколошката и медицинската историја на пациентката, гинеколошки преглед и преглед на дојката, одредување на боди мас индексот (БМИ), одредување на крвниот притисок, земање на ПАП тест и вршење на ултразвучен преглед на малата карлица.

Основниот скрининг за жени кои планираат бременост се состои во: детално разгледување на гинеколошката и медицинската историја на пациентката, гинеколошки преглед и преглед на дојката, одредување на боди мас индексот (БМИ), одредување на крвниот притисок, земање на ПАП тест и ултразвучен преглед на малата карлица, контролни прегледи по потреба, одредување на крвна слика, крвна група, скрининг за хепатитис Б, Скрининг за диабетес, скрининг за рубеола ИГГ антитела, скрининг за венерични болести, ХИВ скрининг.

Основниот скрининг за општото здравје на жената се состои во: детално разгледување на гинеколошката и медицинската историја на пациентката, гинеколошки преглед и преглед на дојката, одредување на боди мас индексот (БМИ), одредување на крвниот притисок, земање на ПАП тест и вршење на ултразвучен преглед на малата карлица, контролни прегледи, одредување на крвна слика, тестови за функција на црниот дроб, тестови за функција на бубрегот, преглед на столицата за скриена крв, проверка на мастите во крвта (холестерол), туморски маркери за јајниците, скрининг за хепатитис Б, Скрининг за диабетес, скрининг за венерични болести, ХИВ скрининг и скрининг за функцијата на тироидната жлезда.

Кои скрининг тестови откриваат рак?

Во поглед на раното откривање на рак постојат два проверени тестови, првиот е за рано откривање на ракот на дојката ( со систематски мамографии) додека вториот е за рано откривање на ракот на грлото на матката (ПАП тестови).

Постои и скрининг за рано откривање на малигни меланом. Во овој случај се прегледуваат само оние кои имаат висок ризик за вакво заболување (присуство на сомнителни младежи/бенки). Ваквите особи треба да прават редовни прегледи кај кожен специјалист – дерматолог. Тој проверува дали има промена во изгледот на бенката.

Денес се размислува за воведување скрининг тестови за други видови рак. Економски најоправдано решение е кога скринингот се спроведува само кај онаа група луѓе која има зголемен ризик за добивање одреден рак. Ваквиот пристап открива повеќе ракови со помалце средства. Луѓето кои имаат мал ризик за добивање одреден рак највероватно и немаат потреба од скрининг. Единствен проблем со ваквиот пристап е што ракот може да се јави и кај пациентки кои не се во ризичната група односно појавата рак не е ексклузивна само за луѓето во високо ризичните групи, тој може да се појави и кај луѓето кои припаѓаат на нискоризичните групи.

Денес е многу актуелно воведувањето на национална скрининг програма за рано одкривање на ракот на дебелото црево. До скоро немаше доволно докази за финансиската оправданост на ваквата програма, меѓутоа резултатите од големите пилот студии, организирани од владите на развиените земји во Европа, даваат позитивни сигнали и укажуваат дека ваквиот скрининг треба да биде воведен.

Во тек се испитувања за оправданоста на скринингот за рак на простата кај мажите и рак на јајникот кај жените.