Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Почетна Гинеколошки теми Бетезда упатства

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

Бетезда Упатства за класификација и лекување на ЦИН промени

Препораки за лекување ЦИН-1 (ЛСИЛ) . . .

Препораки за лекување ЦИН-2 (ХСИЛ) . . .

Препораките за лекување на ЦИН промените на грлото на матката се донесуваат врз основа на консензус или заеднички став завземен од делегатите на околу 30 водечки стручни организации и познати професионалци од оваа област од целиот свет. Тие се состануваат по традиција, на секој 5 до 6 години во месец септември во градот Бетезда, САД (прикажан на сликата). На овие состаноци се завземаат најнови ставови и се даваат најнови препораки за лекување на ЦИН промените земајќи ги во предвид искуствата и сознанијата од минатиот период. Предпоследниот состанок се одржа во 2006 година а последниот 14-15 Септември оваа година. Најновите препораки ќе бидат соопштени на овој сајт веднаш штом ќе бидат достапни.

Сите предложени начини на лекување или пратење на промените се ставаат на гласање. Делегатите ја оценуваат препораката на два начини. Прво се оценува "јачината" на препораката со оценка од А - Е а потоа се оценуваат медицинските докази кои ја поткрепуваат препораката со оценка од 1 - 3. Резултатот од гласањето ја означува препорака како: препорачлива, предимство, прифатлива или неприфатлива.

Во следната табела се сумирани критериумите за оценка на препораките:

Оценка на препораките

Што значат оценките за јачина на препораките: од А - Е

А За оваа препорака постојат добри докази дека е ефикасносна и дека значителнo и помага на пациентката (најсилна препорака)

Б За оваа препорака постојат средно јаки докази дека е ефикасна и има само ограничена корист за пациентката (средно јака препорака)

Ц За оваа препорака воопшто нема задоволителни докази, но методата може да се користи врз друга основа

Д За оваа препорака постојат средно јаки докази дека не е ефикасна и дека има несакани последици и затоа не се препорачува.

Е За оваа препорака постојат добри докази дека не е ефикасна и дека има несакани последици и затоа не се препорачува.

Оценка на квалитетот на доказите со кои се поткрепуваат препораките (1 - 3)

1 Докази од научна студија со најстроги критериуми,

2 Докази од научна студија со строги критериуми,

3 Докази добиени од мислење на почитувани авторитети, врз основа на нивното предходно клиничко искуство, описни студии или извештаи на експертни комитети.

Секоја препорака врз основа на гласањето е оквалификувана како:

Препорачлива: Во случај кога има една препорака поддржана со добри медицински докази.

Предимство: Кога има повеќе препораки се смета дека оваа препорака е најдобра (или една од најдобрите).

Прифатлива: Кога има повеќе препораки, оваа препорака може да се прифати иако има друга препорака која е подобра, или во случај да нема докази со кои би се давало предност на друга препорака.

Неприфатлива: Кога постојат добри медицински докази препораката да не се користи.

Преглед на 29 организации кои учествуаат во изготвувањето на овие препораки:

Американски колеџ за гинекологија и акушерство,

Американско здружение на клинички патолози,

Американско здружение за колопскопија и цервикална патологија,

Американско здружение за цитопатологија,

Центар за контрола и превенција на болестите,

Оддел за превенција и контрола на канцер,

Колеџ на американски патолози,

Еурогин,

Администрација за контрола на лековите на САД,

Меѓународна федерација за цервикална патологија и колпоскопија,

Меѓународно гинеколошко здружение за рак,

Меѓународно здружение на гинеколошки патолози,

Национален канцер институт,

Папаниколау здружение,

Здружение на канадски колпоскописти,

Здружение на гинеколошки онколози,

Здружение на гинеколози и акушери на Канада,

Агенција за здравствено истражување и квалитет,

Американска академија на фамилијарни доктори,

Американско друштво за рак,

Американски колеџ на здравствено здружение,

Американско медицинско здружение на жени,

Американско социјално здравствено здружение,

Здружение на професионалци за репродуктивно здравје,

Оддел за лабораториски системи,

Услужен центар за медицинска помош и медицинска грижа,

Национално сестринско здружение за здравјето на жената,

Панамериканска Здравствена Организација,

Здружение за планирано родителство на Америка