Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

ПочетнаПАП тест ПАП кога и колку често

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

Кога и колку често да се прави Пап тест : Препораки 2012 год

Во Март 2012 година, после тригодишна заедничка соработка на Американското здружение за рак (ACS), Американското здружение за колпоскопија и цервикална патологија (ASCCP), Американското здружение за Клиничка Патологија (ASCP) заедно со уште три стручни работни групи на заеднички состаник ги адресираа следните глави прашања во врска со правењето на ПАП тестови: кој е најдобриот временски период на кој треба да се земаат ПАП тестови, како да се земаат ПАП тестови кај жени постари од 30 години, што да се прави кога има различити цитолошки и ХПВ резултати, кога да се престане со земање на ПАП тестови, како да се земаат ПАП тестови кај оние кои се вакцинирани со ХПВ.

До наредниот пат, овие препораки го одразуваат мислењето на авторите донесено врз база на најдобрите медицински докази за спречување на морбидитетот и морталитетот од ракот на грлото на матката со сегашните ПАП и ХПВ тестови. На овој начин користа од овие тестови е максимална а можната штета како последица на лажно позитивни резултати и последователно непотребно лекување е сведена на минимум.

На која возраст да се започне со ПАП тестови
Со ПАП тестови треба да се започне на 21 год возраст независно од сексуланата активност и другите ризични фактори. Логиката за ваквата препорака е што ракот на грлото на матката е редок кај аколесцентната и младата популација и што неможе да се спречи со цитолошки скрининг.

Скрининг за возрасната група од 21 до 29 години
Оваа возрасна група треба да прави ПАП тестови на секој 3 години. Овој интервал дава најдобар баланс помеѓу користа и штетата. ХПВ тестот воопшто не треба да се прави во оваа возрасна група нити како самостоен тест нити како дополнителен тест на ПАП тестот. Ова е поради високата застапеност на ХПВ инфекцијата кај младата популација.

Скрининг за возрасната група од 30 до 65 години
Во оваа возрасна група најдобро е ПАП тестот да се прави заедно со ХПВ тестот во 5 годишни интервали, друга опција е да се прават само ПАП тестови на секој 3 години (прифатливо). Нема доволно докази за препорака да се прават ПАП тестови на подолг временски интервал дури и кај жени кој имале серија на негативни ПАП тестови. Сигурноста со двојното тестирање на секој 5 години е еднаква или поголема од сигурноста со тригодишното тестирање.

Скрининг само со ХПВ тестот
Најдобро е жените да не се контролираат само со овој тест бидејќи нема доволно докази за најдобрата стратегија кога овој тест е позитивен.

Скриниг кај жени повозрасни од 65 години
Ако кај овие жени во предходните 20 години немало позитивни ПАП тестови нити ЦИН-2,3 промени, ПАП тестирањето се прекинува. Кога еднаш ќе се прекине не се започнува повторно со ПАП тестирање дури и ако жената има нов сексуален партнер. Логиката за ваквата препорака е што преваленцата за напредни промени или рак на грлото на матката е редок кај жени кои предходно имале редовни негативни тестови. Кога ќе се земе во предвид и фактот дека инфекцијата со ризичен тип на ХПВ најчесто сама по себе исчезнува, тогаш е јасно дека кај оваа возрасна група штетата од правење ПАП тестови е поголема од користа.

Скрининг кај жени после Хистеректомија кои претходно немале ЦИН-2,3
Жени од било која возраст кој имале хистеректомија со одстранување на грлото на матката не треба да имаат ПАП тестови за вагинален карцином, докази за претходните негативни ПАП тестови не се потребни. Логиката за ваквата препорака е што вагинелниот карцином е редок и што вагиналната цитологија има мало клиничко значење.

Скриниг кај жени кој ја примиле ХПВ вакцината
Кај овие жени препораките се исти како и за оние кој не ја примиле ХПВ вакцината. Ова е поради фактот што во ХПВ вакцината не се содржани сите карциногени ХПВ подтипови.