Броење антрални фоликули

Друг метод за тестирање на оваријалната резерва е броење антралните фоликули со помош на трансвагинален ултразвук. 

Фоликули се малите топчести формации во јајниците кои содржат јајце клетки. Тие се визуелизираат на почетокот од менструалниот циклус, со помош на ултразвук. Нивниот дијаметар е нормално помал од 9 или 10 mm.

Бројот на овие фоликули значително се намлува како што минуваат годините. Тоа индиректно укажува дека се намалува и бројот на квалитетни јајце клетки во јајниците.

Ова важи и за помладите жени, ако тие имаат намален број антрални фоликули значи дека и кај нив е намалена оваријалната резерва и покрај возраста. Ова се потврдува со фактот дека тие послабо реагираат на лековите за плодност, имаат поголема стапка на откажани ИВФ циклуси или во случај на ИВФ постапка имаат помала стапка на бременост.

 

Постојат различити мислењата за границата под која би се сметало дека бројот на фоликули е намален, но повеќето се согласуваат дека вкупен број антрални фоликули помал од четири укажува на намалена оваријална резерва.