ЗАСТАПЕНОСТ НА РАКОТ НА ДОЈКА
Возрасна застапеност на ракот на дојката
Како што минуваат годините така се зголемува и ризикот за добивање рак на дојка. Тоа го потврдуваат и статистиките, од сите жени кои годишно заболуваат од рак на дојка:
- 80% се на возраст од 45 години или повеќе,
- 43% се на возраст од 65 години или повеќе,
или
- 1 : 68 (40 до 50 години)
- 1 : 42 (50 – 60 години)
- 1 : 28 (60 – 70 години)
- 1 : 26 (70 години и повеќе)
Графиконот подолу јасно ја оцртува поврзаноста на ракот на дојката и возраста
Застапеноста на ракот на дојка во Република Северна Македонија се гледа од наредниот графикон. Во 2018 година на секој 100,000 жени имало околу 100 нови случаи рак на дојка. Кај поразвиените земји овој ризик е поголем.