ПРОГЕСТЕРОНСКИ ТЕСТ
Кој го создава прогестеронот
Прогестеронот се создава во клетките кои ја опкружуваат јаната клетка додека таа се развива. Тие се нарекуваат гранулозни клетки и се означени со зелена боја на сликата подолу. Гранулозните клетки заедно со јајце клетката (ооцитата) заедно се викаат фоликул. Тие растат и се развиваат за време на менструалниот циклус исто како и јајната клекта. До овулацијата гранулозните клетки главно произведуваат естроген. По овулацијата, тие главно произведуваат прогестерон, а по малку и естроген. После овулацијата, фоликулот се нарекува жолто тело.
Зошто е тешко мерењето на прогестерон во крвта
Затоа што производството на прогестерон во гранулозните клетки не е континуирано туку во пулсеви. Поради тоа графичкиот приказ на нивоата на прогестерон во крвта изгледаат како на сликата подолу.
Ако земеме крв еднаш (обично на 21 ден од циклусот) лесно може погрешно да „заклучиме“ дека нивото на прогестерон е високо или ниско (границата е ставена на 10 ng/mL) што не одговара на стварноста.
Кога е корисно да се направи проверка на нивото на прогестерон во крвта
Прогестеронот е најкорисен кога се прави за проценка на овулацијата. Гранаицата во овој случај е ставена на 2,5 ng/mL. Во други случаи проверката на прогестерон не е толку корисна. Нема многу докази дека „ниско“ ниво на прогестерон предизвикува неплодност или спонтан абортус. Меѓутоа бидејки давањето на прогестерон е лесно, едноставно и не е толку скапо, најчесто се дава според паролата „за секој случај, важно нема штета“ ( се греши на страна на претпазливоста).
Ова значи дека повеќето жени кои се загрижени за нивното „ниско“ ниво на прогестерон најверојатно немаат проблем. Најголем број од овие пациентки примаат и прогестеронска терапија бидејки примањето скоро да нема ризици. Но, пациентите треба да ја знаат оваа филозофија за да не размислуваат во правец дека имаат сериозно заболување кое ги спречува да забременат без терапија.
Дели некогаш се препорачува лекување со прогестерон?
Да. Кога при лекување на неплодност се користат лекови за спречување на предвремена овулација. Овие лекови може да бидат или GnRH агонисти (Лупрон) или GnRH антагонисти (Ганиреликс, Цетротид). Кога се користат овие лекови, производството на прогестерон од јајниците е намалено. Поради тоа, давање на прогестерон во овие случаи ги подобрува шансите за забременување.
Ако се зема прогестеронот од овие причини нема потреба од негова проверка во крвта.