Охрид  | ПЗУ Захариевски

Контакт : +389 46 230-235

COVID-19 Вакцина треба да примат сите бремени жени и сите доилки

Препорака

COVID-19 вакцината треба да ја примата сите бремени жени, сите доилки и сите жени кои сакаат да забременат. Вакцината треба да се прими веднаш без одлагање до 12 недела од бременоста. Таа не предизвикува неплодност кај жените или мажите. COVID-19 вакцината не наштетува нити на мајката нити на бебето.

Кој светски авторитети стојат зад овие препораки

Препораките се објавени од највисоките светски авторитети како што се Агенцијата за Контрола на Болестите (CDC) на САД, Агенцијата за контрола на болести на Европската Унија, RCOG на Велика Британија итн.

Светската Здравствена Организација (СЗО) препорачува бремените жени да се вакцинираат бидејки придобивките од вакцинацијата ги надминуваат потенцијалните ризици. Бремените жени кои примиле mRNA вакцини (Phizer Biontech) развиваат антитела кои преминуваат во папочна врвца и мајчино млеко и на тој начин истовремено се заштитени и нивните деца.

Дали COVID-19 вакцината ја намалува плодноста

Не. Нема докази дека било кои вакцини, вклучително и COVID-19 вакцината, ја намалуваат плодноста кај жените или мажите.

Дали бремените жени позитивни на COVID-19 потешко поминуваат

Да, споредено со небремените жени, бремените имаат зголемен ризик од потешка форма на COVID-19 инфекција.

Како најдобро да се заштитам од COVID-19 инфекција

Само со COVID-19 вакцина која треба да се прими веднаш.

Која е користа од COVID-19 вакцината?

,Ако бремена жена не се вакцинира тогаш:

  • Таа добива потешка форма на болест, особено ако се заразила по 28-та недела од бременост,
  • Таа почесто е приморана да се хоспитализира,
  • Таа има поголем ризик за мртвороденче или предвремено раѓање (во однос на бремена жена незаразена со COVID-19),
  • Во случај да има дополнителни медицински состојби, таа има уште поголем ризик од потешка форма на COVID заболување,

Сите горе наведени ризици се избегнуваат aко ја прими COVID-19 вакцината.

COVID-19 вакцината неможе да предизвика зараза со СОВИД-19 бидејки:

 НЕ содржи жив коронавирус

➤  НЕ содржи дополнителни состојки кои се штетни за мајката и бебето

 

Зошто сеуште има сомневање во COVID-19 вакцината?

Првата причина е затоа што на почетокот од пандемијата бремените жени не беа вклучени во студиите за COVID-19 вакцината. Но, до август 2021 година:

    • COVID-19 вакцината веке беше испитана на голем број луѓе со што се докажа нејзината ефикасност и безбедност.
    • Со вакцините на Pfizer BioNTech или Moderna во САД се вакцинираа 147.000 а во Обединетото Кралство 55.000 бремени жени без никакви штетни ефекти врз бременоста.

Втората причина е што во одредени случаи по примање на COVID-19 вакцината може да се јават благи, несакани ефекти како на пример реакции на местото на инјектирање (болки во раката), замор,  главоболка, болки во мускулите, треска, болки во зглобовите, но тие немаат влијание врз бременоста.

    И трето од причина што многу ретко беа пријавени сериозни несакани ефекти како тромбоза (згрутчување на крвта) по примање на вакцината АстраЗенека (но испитувањата укажаа дека овој ризик е ист и за бремените и за небремените жени). Вакцините на Pfizer BioNTech или Moderna се најиспитани и кај нив нема пријавено случаи на тромбоза. Бидејки најголем број податоци за сигурноста на вакцините се добиени од САД токму за овие две вакцини, тие им се нудат на бремените жени.

    Како ќе одлучите дали да се вакцинирате ако сте бремени?

    Одлуката треба да биде базирана на проверени податоци од досегашното искуство со COVID-19 вакцината дадена на бремени жени. Во моментов, во целиот современ свет, COVID-19 вакцината се нуди на сите бремени жени на возраст над 16 години. Последните податоци потврдуваат дека нити една вакцинирана бремена жена (со две дози на COVID-19 вакцината) не добила тешка форма на COVID инфекција.

    Што да се прави пред одлуката?

    • Да се прочита што повеќе за COVID-19 вакцината и за нејзините ефекти врз бременоста
    • Да се користат информации од релевантни светски авторитети и професионални веб – страници (Центарот за контрола на болести на САД (CDC), RCOG на Велика Британија). Доказите за сигурноста на вакцината во бременоста се објавени од страна на УКТИС – (Тератолошка информативна служба на Велика Британија).
    • Да се прочитаат информациите подолу и да го процените сопствениот ризик од зараза и добивање потешка форама на COVID-19.
    Што се случува ако бремена жена се зарази со COVID-19 инфекцијата?

    Околу две третини од бремените жени заразени со COVID-19 немаат никакви симптоми. Во Велика Британија на 100 бремени жени примени во болница една е позитивна на COVID-19. На секој 10 бремени жени позитивни на COVID-19 и кои се примени во болница една ке биде за интензивна нега. После 28-та недела на бременост ризикот за потешка форма на COVID-19 се зголемува. Секоја бремена жена заразена со COVID-19 има два пати поголем ризик за мртвороденче и два пати поголемен ризик од предвремено раѓање (споредено со бремена жена која не е позитивна на COVID-19).

    Статистиката од Велика Британија укажува дека од сите хоспитализирани бремени жени позитивни на COVID-19 и со симптоми на болеста, повеќе од  99% не биле вакцинирани.

    (Извор: https://www.medrxiv.org/content/10.1101/2021.07.22.21261000v1).

    Што се знае за ефектите на COVID-19 вакцината врз бременоста?

    До денес со COVID-19 вакцината се вакцинирани преку 200.000 бремени жени во САД и Велика Британија без никакви штетни ефекти. 

    Каков е долгорочниот ефект на COVID-19 вакцината?

    Долгорочниот ефект на COVID-19 вакцината врз бебињата родени од вакцинирани мајки не се знае, бидејки ова се нови вакцини и студиите сеуште не се направени. Но, се знае дека долгорочниот ефект на слични „неживи“ вакцини кои во медицината се применуваат одамна е сосема добар и без несакани ефекти. Бидејќи COVID-19 вакцината е „нежива“ вакцина таа не може да предизвика инфекција. 

    Дали COVID-19 вакцината го зголемува акушерскиот ризик?

    Не, не е зголемен ризикот од: спонтан абортус, од предвремено раѓање, од мртвороденче, од раѓање на мали недоразвиени бебиња, ниту го зголемуваат ризикот од вродени абнормалности (статистика од шест студии направени во четири земји, во кои се опфатени повеќе од 40.000 бремени жени).

    Дали COVID-19 вакцината содржи штетни состојки?

    Не, COVID-19 вакцината не содржи состојки кои би биле штетни за бремените жени или за бебињата во развој. Студиите на животни не покажаа штетни ефекти на вакцината врз бременоста или врз плодноста.

    Кои вакцини да се понудат на бремените жени?

    Pfizer BioNTech или Moderna, бидејки сите податоци кои се однесуваат на сигурноста и безбедноста на вакцините доаѓаат од САД и се однесуваат на овие две вакцини.

    Пред да ја примам COVID-19 вакцината дали е важно во која фаза на бременост сум?

    Не. Вакцината се смета за безбедна и ефикасна во било која фаза на бременоста. Нема докази дека таа треба да се одложи за после првите 12 недели од бременоста.

    Една доза на COVID-19 вакцината дава добра заштита од инфекција, но поради новите соеви  на вирусот, потребни се две дози за повисоко ниво на имунитет. Втората доза се дава 8 недели по првата и најдобро е да се прими пред породување, или пред 28-та недела од бременост (кога ризикот од сериозно заболување со COVID-19 е најголем).

    Ако примам COVID-19 вакцината како да се однесувам на моето работно место?

    Бидејќи ниту една вакцина не заштитува 100%  секогаш има една помала група која не е заштитена иако примила вакцина. Вие не можете да знаете дали и припаѓате токму на оваа мала група !! Од таа причина ризикот од зараза на работното место останува ист и покрај примање на вакцина. Вие и понатаму треба да се придржувате до безбедностните мерки на работното место: носење маски, социјално дистанцирање, внимателно и често миење на раце. Оние бремени жени кои имаат дополнителни сериозни здравствени состојби не треба да работат на работни места со висок ризик од зараза. Истото важи и за бремените жени после 28-та недела од бременоста.

    Важни информации дали да ја примите COVID-19 вакцината во текот на бременоста

    Ризикот од зараза со COVID-19 ви е зголемен ако:

    • вие или некој од вашето семејство е здравствен работник, социјален работник или работи во дом за нега на други лица,
    • во местото на живеење има висок процентот на заразени со СОВИД-19 или ако тенденцијата на зараза се зголемува
    • имате чести контакти со луѓе кои живеат надвор од вашиот дом
    • до крајот на бременоста не сте во можност да се придржувате до правилата за социјалното дистанцирање
    • живеете во стеснети услови

    Ризикот од потешка форма на COVID-19 ви е зголемен ако:

    • Имате дополнителни здравствени состојби како: имунолошки проблеми, дијабетес, висок крвен притисок, срцеви заболувања или астма
    • Имате прекумерна тежина (БМИ 25 или повеќе)
    • Имате повеке од 35 години
    • Вие сте над 28 недели бремени
    Кој е заклучокот, дали да ја примам COVID-19 вакцината?

    Силно се препорачува да ја примите COVID-19 вакцината за време на бременоста и тоа веднаш и без одлагање. COVID-19 вакцината е најдобра заштита за мајките и бебињата од последици на COVID-19 инфекција.

    Вакцината треба да ја примат сите бремени жени а особено оние кои имаат дополнителни медицински состојби за да се спречи ризикот од потешка форма на болест.

    ЗА НАС

    ПЗУ Захариевски Охрид

    Булевар Туристичка 22

    Охрид

    046 230-235

    ordinacija@zaharievski.com

    Корисни линкови

    БРЕМЕНОСТ

    КАЛКУЛАТОРИ

    5Д УЛТРАЗВУК

    ЦИН 1,2,3

    Сите права се задржани © 2022 ПЗУ Захариевски Охрид