Охрид  | ПЗУ Захариевски

Контакт : +389 46 230-235

Коронавирус (COVID-19)

Бремените жени се сметаат за ранлива група и треба да бидат особено строги во следењето на мерките за социјално дистанцирање.

Главни симптоми на коранавирус (COVID-19) се:

 

  • висока температура – чувство на жештина при допир на гради или грбот (не треба да ја мерите температурата)
  • нова, постојана кашлица – подолго од еден час, или 3 или повеќе епизоди на кашлање за 24 часа
  • губење или промена на сетилото за мирис или вкус – не можете да мириснете или вкусите ништо, или мирисот или вкусот на намирниците е различен од порано

Што да направите ако по прв пат ги имате горните симптоми или тие повторно се појавиле, дури и во блага форма:

 

  • Што поскоро да направете PCR тест за да дознаете дали сте се заразиле со COVID-19
  • Останете дома и не примајте посета (самоизолирајте се) додека не стигне резултатот – излегување од дома е дозволено само за да го направите тестот. Проверете дали луѓето со кои живеете треба да се самоизолираат (ова зависи од нивниот вакцинален статус).
  • Информирајте ги по телефон вашиот матичен гинеколог и семеен доктор.

Веднаш треба да се самоизолирате ако:

  • добивте позитивен тест за COVID-19 – тоа значи го имате вирусот и може да го пренесувате
  • не сте вакцинирани а особата со која живеете има симптоми или е позитивна на COVID-19
  • така ве советувал вашиот матичен лекар поради контакт со особа позитивна на COVID-19
Кога не треба да се самоизолирате

Ако живеете или сте биле во контакт со особа која е COVID-19 позитивна, не треба да се самоизолирате ако:

  • сте наполно вакцинирани – односно ако поминале две недели од втората доза на COVID-19 вакцината
  • ако сте помлади од 18 години
  • поради медицински причини не смеете да се вакцинирате

Но се препорачува:

  • во наредните 7 дена да правите дневни рапид тестови
  • да ги следите упатствата за превенција и контрола на COVID-19 инфекцијата
  • да го сведете на минимум контактот со луѓе кои носат висок ризик ако заболат од COVID-19
Што не смеете а што смеете да правите за време на самоизолација

Не треба да го напуштате домот.

Не смеете

  • да одите на работа, во школа или на јавни места
  • да користите јавен транспорт или такси
  • да одите да купувае храна или лекови – тоа да го прават вашите блиски
  • да не примате гости дома (пријатели или роднини), освен оние кои ве снабдуваат
  • да излегувате на вежбање – тоа правете го дома

Смеете

  • да работете и контактирате по телефон од дома ако се чувствувате добро, со ова го смалувате бројот на луѓе со кои сте во директен контакт.
Колку долго треба да се самоизолирате

Самоизолација треба да почне веднаш штом се јават симптомите или штом сте добиле позитивен RAPID или PCR тест, без разлика кој тест бил прв. Деновите се бројат од денот кога започнале симптоми (нулти ден) или од денот на позитивен тест (прв ден).

Согласно препораките на владата од 26.01.2022 год самоизолацијата на лица без симптоми трае 7 дена од денот на тестирањето. По завршувањето на периодот на изолација потребни се дополнителни три дена строго почитување на мерките за лична заштита (носење заштитна маска Н95/ФФП2 при престој во затворен простор со друти лица или на отворено кога не може да се држи растојание од два метри, честа дезинфекција на раце , избегнување на групирање).

Во случај кога покрај позитивен тест на Ковид-19 има и други симптоми самоизолацијата трае 10 дена од денот на тестирање под услов да не се развила висока температура.

Во случај да има и температура самоизолацијата трае повеќе од 10 дена.

Исклучок од мерката самоизолација се:

  • вакцинирани со КОВИД-19 вакцина со две или три дози, а од последната доза не поминале повеќе од шест месеци;
  • прележани со КОВИД-19, а позитивниот тест не е постар од шест месеци;

 

Како да го минимизирате ширењето на коронавирус (COVID-19) кон луѓето со кои живеете

Ако имате симптоми, држете се настрана од луѓето со кои живеете што е можно повеќе.

Најдобро е ако може:

  • да престојувате што подолго сами во една соба и со затворена врата
  • да избегнувате користење заеднички простори истовремено со другите (пример кујна) – вашите оброци земајте ги во вашата соба
  • да користите посебна бања – или заедничката бања да ја користите после другите и да ја исчистете после секое користење (со бришење на допрените површини)

Како да го намалите ширењето на инфекција во вашиот дом
Правете го следното:

  • мијте ги рацете со сапун и вода често, најмалку 20 секунди
  • место сапун и вода може да се користи гел за дезинфекција на раце
  • кога кашлате или кивате покријте ги устата и носот со салфетка или ракав (не со рацете)
  • искористените марамчиња веднаш да се исфрлат во канта и потоа измијте ги рацете
  • предметите и површините што често ги допирате (како рачките на вратите, садовите и телефоните) чистете ги со вашите редовни средства за чистење
  • користете маска за лице кога сте во заеднички простори
  • држете ги прозорците отворени што е можно подолго, како во просторијата во која престојувате така и во заедничките простории

Не праветего следното

  • не споделувајте крпи за раце нити марамици

Ако живеете со некој кој има поголем ризик од COVID-19

Тоа се луѓе постари од 70 години, бремените или оние што имаат ослабен имунолошки систем.

Во таков случај, најдобро е тие особи да се префрлат кај пријатели или роднини за цело време додека вие сте во самоизолација.

Ако е тоа неможно, тогаш во домот треба да се држите на 2 метри (3 чекори) подалеку еден од друг и да не го делите креветот.

ЗА НАС

ПЗУ Захариевски Охрид

Булевар Туристичка 22

Охрид

046 230-235

ordinacija@zaharievski.com

Корисни линкови

БРЕМЕНОСТ

КАЛКУЛАТОРИ

5Д УЛТРАЗВУК

ЦИН 1,2,3

Сите права се задржани © 2022 ПЗУ Захариевски Охрид