Доплер анализи на крвните садови
За правилен развој на плодот потребен е нормален проток на крвта низ крвните садови на бебето, матката и постелката. На тој начин се обезбедува непречена достава на храна и кислород за бебето како и отстранување на непотребните материи. Секое пореметување на овој систем доведува до страдање и загрозување на феталната состојбата. Преку мерење на крвниот проток во одредени артерии ние точно може да ја предвидиме состојбата на бебето и навремено да превземеме соодветни дејствија.
УТЕРИНА АРТЕРИЈА
Со проценката на крвниот проток во утерината артерија добиваме увид во функционирањето на постелката гледано од мајчина страна. Помага во навремено откривање на ризикот од пре-екламспија и фетален застој во раст.
ПАПОЧНА АРТЕРИЈА
Единствена техника која докажано ја намалува феталната смртност. Се прави рутински во третиот триместар на бременост. Укажува на отпорот во крвниот проток на постелката гледано од страна на бебето. Зголемен отпор се појавува кога значителен дел од крвниот проток е запушен. Навреме укажува на состојби како инсуфициенција на постелката и последователен застој во растот на бебето или на можна пре-еклампсија.
МОЗОЧНА АРТЕРИЈА
Одредување на крвниот проток во средната мозочна артерија (MCA – middle cerebral artery) се прави ако крвниот проток во папочната артерија е абнормален. На овој начин дознаваме колку бебето успеало да ја прераспредели својата циркулација со цел максимално да го заштити мозокот.
ДУКТУС ВЕНОСУС
Ако крвните протоци во феталните артерии не се во ред наредно се проверува венскиот систем на бебето. Крвниот проток во оваа вена (Ductus venosus) ја отсликува состојбата на феталното срце – дали има попуштање на срцевата работа. Ако има наредно е итно породување во рок од 48 часа.
ПАПОЧНА ВЕНА
Крвниот проток низ оваа вена е константен од 12 недела па натаму во 90% од случаите. Во преостанатите 10 % се приметуваат пулсации (монофазни, бифазни или трифазни) кои укажуваат на одредени неповолни состојби на фетусот.