Охрид  | ПЗУ Захариевски

Контакт : +389 46 230-235

Kалкулатор на бременост по недели и месеци

Традиционално бременоста трае 280 дена или 40 недели од денот на последната менструација. Со оваа едноставна математика беше одреден и „датумот“ за раѓање. Но праксата покажува дека само околу 5% од бебињата се раѓаат на овој датум! Како тогаш да се одреди терминот за раѓање и како да знаеме кога раѓањето е рано, кога доцни и кога е точно на време? Одговорот го даваат научните студиите кои покажуваат дека терминот за раѓање варира и до 5 недели. ПЕТ НЕДЕЛИ !!! Овие пет недели се во периодот од 37-мата недела и 0 дена до 41-та недела и 6 дена рачунато од првиот ден на последната менструација. Од оваа причина изработивме лесен и едноставен калкулатор на бременост со кој може да ги пресметате сите значајни датуми во вашата бременост.

До неодамна се сметаше дека раѓањето во периодот 37-42 недели е подеднакво безбедно. Но податоците покажуваат дека тоа не е така. Раѓањето е најмалку ризично ако се случило во периодот од почетокот на 39-та недела до крајот на 40-та недела. Денес петте недели на термин ги означуваме како:
1. Ран термин (37 недели и 0 дена – 38 недели и 6 дена)
2. Полн термин (39 недели и 0 дена – 40 недели и 6 дена)
3. Доцен термин (41 недела и 0 дена – 41 недела и 6 дена
Ако треба да го бираме денот за раѓање го бираме периодот на полн термин.
Подолу се пресметани сите ваши бремени недели а секоја бремена недала има линкови за понатамошни информации.

Датумите за раѓање имаат и практична цел. Тие му овозможуваат на вашиот доктор да се вмеша кога е потребно, да ги забрза работите и да го породи бебето навреме. Иако исчекувањето понекогаш може да биде фрустрирачко, вие може да бидете сигурни дека датумот на породување ќе ја исполни својата цел и ќе му помогне на вашето бебе да се роди силно и здраво. Искористете го горниот калкулатор на бременост за точно да ги пресметате овие датуми.

ЗА НАС

ПЗУ Захариевски Охрид

Булевар Туристичка 22

Охрид

046 230-235

ordinacija@zaharievski.com

Корисни линкови

БРЕМЕНОСТ

КАЛКУЛАТОРИ

5Д УЛТРАЗВУК

ЦИН 1,2,3

Сите права се задржани © 2022 ПЗУ Захариевски Охрид