Антимилериан хормон (АМХ)
Што е Анти Милериан Хормон (АМХ)
- АМХ е супстанција произведена од гранулозните клетки на оваријалниот фоликул
- Производството на АМХ е најголемо во предантралните и малите антрални фоликули чиј дијаметар е помал од 4 мм.
- Производствот се намалува со растење на фоликулите и престанува кога тие се поголеми од 8 мм.
- Нивото на АМХ не варира многу и затоа може да се провери во било кој ден од менструалниот циклус.
- АМХ е еден од најчесо користените тестови за одредување на оваријалната резерва.
Што е оваријална резерва
Оваријална резерва е термин со кој се опишува веројатноста за раѓање здраво бебе со свои јајце клетки. За да се разбере врската помеѓу AMH и оваријалната резерва, потребно е да се објасни начинот на кој се чуваат јајце клетките во јајниците.
Рано во бременоста, во јајниците на женскиот фетус се започнува со формирање јајце клетки. Околу секоја јајце клетка се формира еден ред плочести клетки наречени гранулозни клетки. Заедницата на јајце клетка и гранулозни клетки се вика фоликул.
До околу дваесеттата недела, во јајниците на женскиот фетус се произведени неколку милиони фоликули. Од тој момент натаму создавањето на нови фоликули престанува и постоечките фоликули почнуваат да се намалуваат и да дегенерираат. На раѓање бројот на фоликули е опаднат на неколку стотици илјади.
Намалувањето и дегенерирањето на јајце клетките продолжува понатаму се додека не се потрошат сите фоликули. Непосредно пред пубертетот, фоликулите на жената повторно ќе почнат да се развиваат за да се оствари овулацијата, ова е познато како фоликулогенеза. Фоликулогенезата трае приближно 375 дена или околу 13 менструални циклуси. Процесот е континуиран, така што во секој даден момент, жената ќе има фоликули во различни фази на развој во нејзините јајници.
Развојни фази на фоликулите
Првобитен или примордијален стадиум – единствениот вид фоликул кој се наоѓа во фетусот. Кај возрасните жени најголем бриј фоликули се во оваа фаза.
Овој фоликул е многу мал и не се гледа на ултразвук. Има еден ред плочести гранулозни клетки а јајце клетката не е зрела и не е активна. Во ваква неактивна фаза фоликулот може да остане до 50 години, тој не реагира на хормони. Меѓутоа во одреден момент, со процес кој е недоволн ообјаснт овој фоликул се “активира“ и продолжува да се развива понатаму. Овој фоликул не произведува АМХ.
Примарен фоликул – по активирањето, јајце клетката почнува да расте а гранулозните клетки се издигнуваат и стануваат кубоидни. Активираниот фоликул се вика примарен фоликул. Тој сега влегува во развојна фаза која по 375 дена завршува со овулација или со негова дегенерација. Примарните фоликули не реагираат на хормони, не се гледаат на ултразвук и не произведуваат АМХ.
Секундарен фоликул – по околу 290 дена, примарниот фоликул ќе стане секундарен фоликул. Јајце клетката уште повеќе нараснува а гранулоза клетките сега имаат два реда. На крајот од оваа фаза, секундарниот фоликул започнува да произведува AMH и понекогаш се нарекува предантрален фоликул. Тој се уште е премал да се види на ултразвук, но веќе почнува да реагира на хормоните. Предантралниот фоликул има дијаметар од околу 0,2 mm и го делат 65 дена од овулацијата.
Антрален фоликул – оваа фаза трае околу 50 дена. Јајце клетката и фоликулот продолжуваат да растат и да се развиваат. Тој има дијаметар од 2-10 mm и се гледа на ултразвук. Гранулозните клетки на антралните фоликули произведуваат AMH и естроген. Тие се многу осетливи на хормонот FSH од хипофизата (фоликуло стимулирачки хормон) и реагираат со зголемено производство на естроген. И естрогенот и FSH се неопходни за понатамошен развој на фоликулот. Како што растат фоликулите производството на АМХ се намалува така што фоликулите над 8 мм не произведуваат АМХ.
Предовулаторен фоликул – околу 8-10 дена пред овулацијата, еден од фоликулите се селектира и тој продолжува да се развива до крајната фаза овулација. Големината на овој пред-овулаторен фоликул непосредно пред овулација е од 20-22 mm.
Важно да се знае: AMH се произведува исклучиво во гранулозните клетки на предантралните и антралните фоликули. Нивото на АМХ е показател за бројот на фоликули (колку повеќе фоликули толку повеќе АМХ и обратно).
АМХ се намалува со возраста
Со оглед дека бројот на првобитни фоликули континуирано се намалува со возраста, автоматски се намалува и бројот на сите други фоликули кои произлегуваат од нив. Значи се намалува и бројот на примарни, секундарни и антрални фоликули. Бидејќи последните произведуваат АМХ значи дека и неговото ниво опаѓа како минуваат годините.
Ова варирање на нивото на АМХ е прикажано на табелата подолу.
Ако на пример 18-годишна девојка има AMH помал од 1,1 (вредност помала од 10-тиот перцентил) тоа значи дека таа има многу слаба оваријална резерва и дека преку 90 % од девојките на нејзина возраст имаат подобро ниво на AMH (подобра оваријална резерва).
Ако 32-годишна жена имаAMH од 2,1 (точно на 50-тиот перцентил) значи дека 50% од жените на нејзината возраст ќе имаат подобар AMH и 50% ќе имаат полош AMH.
Ако 40-годишна жена има AMH од 2,5 (многу повисок од 50-тиот перцентил) значи дека таа има многу подобра оваријална резерва од жените на нејзина возраст.
Важно да се знае: бројот на антралните фоликули (групата) е во корелација со потенцијалот за плодност.Младите жени кои имаат поголема плодност имаат поголем број на антрални фоликули од повозрасните и затоа нивото на АМХ кај нив е повисоко.
АМХ и оваријалната резерва
Главна причина за мерење на АМХ во крвта е да се одреди оваријалната резерва. Жените со понизок АМХ имаат помала оваријална резерва од жените со повисок АМХ. Докторите го користат АМХ за да предвидат кои жени слабо ќе реагираат на лековите за стимулација и воопшто кои парови ќе имаат помала веројатност за успех при лекувањето на нивната неплодност.
АМХ и третман на плодноста
Жените со слаба оваријална резерва, потврдено со низок AMH, послабо реагираат на лекови за стимулација од колку другите жени. Дури и со поагресивни протоколи (високи дози на лекови за стимулација), не се постигнува подигање на јајните клетки а стапкаа на откажани третмани е висока, сето се должи на слаб или отсутен одговор на фоликулите.
Проблемот во ваквите случаи е што дури и при успешна стимулацијата, квалитетот на јајце клетките е послаб. На пример, жени со AMH помал од 0,5 не стигнуваат до ембрио трансвфер во 1/3 од случаите. Додека жени со AMH над два, стигнуваат до ембрио трансфер во 99% од случаите.