ОВАРИЈАЛЕН ВОЛУМЕН
Оваријалниот волумен е одраз на вкупниот број јајце клетки содржани во јајникот. Познато е дека јајникот содржи најголем број јајце клетки пред раѓањето и дека после тоа нивниот број континуирано се намалува. Поради тоа се намалува и плодноста кај жените како што минуваат годините.
Со намалувањето на бројот на јајце клетки се намалува и волуменот на јајниците. Трансвагиналниот ултразвук помага да се одреди волуменот на секој јајник со мерење на неговата должина, ширина и длабочина.
По одредување на волуменот, се пресметува “репродуктивната возраст“ на жената. Таа може да биде поголема или помала од нејзината стварна возраст.
На пример, 35-годишна жена со многу мали јајници може репродуктивно да биде на 40 години. Обратно, 40-годишна жена со многу големи јајници, може репродуктивно да биде на возраст од 35 години.
На графиконот горе секоја линија претставува жени од различна возрасна група. А=25 години, Б=30 години, C=35 години, Д=40 години, Е=45 години
Ако се вратиме на примерот погоре, жената се 35 години е во групата В и се очекува волуменот на нејзините јајници да е 6 mL со што би одговарала за својата возраст, но ако волуменот на нејзините јајници е 5 мл тогаш таа репродуктивно одговара за 40 годишна жена. Обратно ако волуменот на нејзините јајниците е 8 мл, тогаш нејзината „репродуктивна возраст“ би била околу 30 години.
Медицинските студии укажуваат на поврзаност меѓу волуменот на јајниците со :
- добро или лошо реагирање на ампуларна терапија кај оваријална стимулација. Жените со мали јајници послабо реагираат од жените со поголеми јајници.
- стапката на бременост при ИВФ
- времето до менопауза