Охрид | ПЗУ Захариевски

Гинекологија Акушерство

Kалкулатор на бременост по недели и месеци

Нашиот калкулатор на бременост е наменет за лесно и едноставно одредување на сите важни датуми во вашата бременост.  Традиционално ‘‘датумот‘‘ на раѓање се одредуваше со додавање на 280 дена или 40 недели на  првиот ден од последната менструација. Но практиката покажа дека само околу 5% од бебињата се раѓаат на тој датум! Од друга страна, научните студиите утврдија дека терминот за раѓање варира и до 5 недели. ПЕТ НЕДЕЛИ !!! Во калкулаторот за бременост тоа се деновите од 37-недела и 0 дена до 41-ва недела и 6 дена рачунато од првиот ден на последната менструација.

Се до неодамна се сметаше дека секој ден од терминот на раѓање е со подеднаков ризик за бебето. Но податоците покажуваат дека раѓањето е најмалку ризично ако се случило во периодот од почетокот на 39-та недела до крајот на 40-та недела. Денес петте недели на термин се содржани во калкултарот за бременост и се означени како:

1. Ран термин (37 недели и 0 дена – 38 недели и 6 дена)

2. Среден или Полн термин (39 недели и 0 дена – 40 недели и 6 дена)

3. Доцен термин (41 недела и 0 дена – 41 недела и 6 дена)

Кога би било можно да го бираме денот за раѓање тогаш би го одбрале средниот термин.

Подолу се пресметани датумите на кои се исполнети (завршени) сите ваши бремени недели, покрај тоа секоја бремена недала содржи линкови за понатамошни информации.

Калкулаторот за бременост има и практична цел бидејќи овозможува навремена интервенција од страна на докторите. Чекањето понекогаш може да биде фрустрирачко, но вие може да бидете сигурни дека датумот на раѓањето ќе ја исполни својата цел и ќе помогне бебето да се роди на време, силно и здраво.