Охрид | ПЗУ Захариевски

Гинекологија Акушерство

ЕЛАСТОГРАФИЈА

3D модел на молекула со различни атоми поврзани со хемиски врски, прикажан во тридимензионален простор.

Еластографијата е нова ултразвучна техника која се користи за дополнително оценување на карактерот на грутката, дали е бенигна или сомнителна. Одамна е познато дека малигното ткиво е потврдо од соседното нормално ткиво на дојката. Ова својство го користиме и при мануелниот преглед на дојките. Новата ултразвучна техника овозможува со помош на ултразвучните бранови да се одреди разликата во тврдоста на сомнителната грутка и околното нормалното ткиво на дојката. На сликата подолу имаме приказ на класична ултразвучна слика (десно) и еластографска слика (лево) која исклучува сомнителен наод бидејќи не е обоена темно плаво.

Тврдоста на ткивото е колор кодирана од плаво (најтврдо) до црвено (најмеко).

Кога пости сомнителна грутка тогаш нејзината тврдост се споредува со тврдоста на околното ткиво (лезијата А споредена со околното ткиво Б на сликите).

За оценување на промената се користи таканаречен Тсукуда скор со градација од 1 до 5. Скор 1 (бенигна промена), скор 2 (вероватно бенигна), скор 3 (бенигна или малигна, подеднакво), скор 4 (сомнителна за малигна), скор 5 (високо сомнителна за малигна).

На горната слика се гледа темно плаво кодирана лезија што укажува дека таа е сомнителна и дека мора да се провери со биопсија.

На горната слика е прикажан Тсукуда скор 5 (високо сомнителна промена) која мора да се провери со биопсија.