Охрид | ПЗУ Захариевски

Гинекологија Акушерство

Како да се препознае ракот на дојка

3D модел на молекула со различни атоми поврзани со хемиски врски, прикажан во тридимензионален простор.

Дали грутка во дојката може да крие рак

Може, но најважно е дека особено кај помладите жени, грутката најчесто не е рак и обично е бенигна (циста или инфекција).
Многу ретко таа е предизвикана од сериозно заболување како рак на дојката.


Како да се открие која промена е опасна

Најчесто се работи за безопасна промена. Оваа промена е мазна, добро ограничена и подвижна, додека лошите или малигни промени се потврди, имаат нејасни и неправилни рабови и се помалку или сосема неподвижни, односно тие се фиксирани со соседното ткиво на дојката. На сликата погоре има и други сомнителни знаци кои сигнализираат дека можеби се работи за посериозно заболување и дека треба да се закаже преглед кај вашиот доктор.


Што да направам ако почувствувам грутка во дојката

Треба веднаш да закажете преглед и консултација кај вашиот доктор. Тој ке одреди дали се работи за безопасна или сомнителна грутка која треба понатаму да се провери со биопсија. Пред да ве прегледа, докторот најчесто ќе ве праша:

Кога првпат ја забележавте грутката?

Дали чувствувате болка во дојките?

Дали постои исцедок од брадавицата?

Кога е датумот на последната менструација (ако има менструални циклуси)?

Дали примате хормонски лекови (контрацептивни таблети или менопаузална хормонска терапија)?

Дали претходно сте имале грутки во градите?

Дали некој од вашето семејство имал рак на градите?