КЛОМИФЕНСКИ ТЕСТ
Зошто го правиме кломифенскиот тест
Лекарите од секогаш сакале да бидат во позиција да предвидат кои жени ќе останат бремени со сегашниот начин на лекување а кои не. Тоа обично зависи од повеќе фактори, возраста е најважниот фактор, но има и други фактори како на пример: пушењето, генетиката, операции на јајниците и хемотерапијата кои исто така ја намалуваат оваријалната резерва.
За разлика од мажите, жените се раѓаат со фиксен број на јајни клетки кои понатаму во животот само се намалуваат. Терминот оваријална резерва се користи за опис на бројот и квалитетот на преостанатите јајни клетки како и за веројатноста дали жената ќе забремени. Оваријалната резерва може да биде добра или слаба.
Кога се кориси кломифенскиот тест за проценка на оваријалната резерва треба да се знае дека, негативниот тест означува слаба оваријалната резерва и слаба веројатност за успешна бремност, додека позитивен тест значи добра оваријална резерва со висока верјоатност (но не 100%) за успешна бременост
Разбирање на кломифенскиот тест
Логиката е следна. На почетокот од циклусот хипофизата произведува ФСХ (Фоликуло стимулирачки хормон) со цел да ги развива фоликулите. Како што тие се развиваат се повеќе произведуваат два хормона: естроген и инхибин-Б кои од своја негативно делуваат на производството на ФСХ во хипофизата. Колку повеќе има естроген и инхибин-Б во крвта толку помалку се произведува ФСХ во хипофизата.
Кломифен таблетите се земаат од 5-9 ден од циклусот и тие краткотрајно го зголемува нивото на ФСХ во крвта што доведува до зголемено производство на естроген и инхибин-Б од страна на фоликулите. Нивното зголемено присуство во крвта го враќа на нормала нивото на ФСХ во крвта. Кога се прави кломифенскиот тест два пати се зема крв за проверка на нивото на ФСХ, на 3-ти и 10-ти ден односно пред и по давање на кломифен таблетите.
Ако во јајниците нема доволен број квалитетни јајце клетки не се произведува доволно естроген и инхибин-Б кои би го вратиле нивото на ФСХ назад во нормала. Нивото на ФСХ останува високо.
На сликата погоре е прикажан нормален кломифенски тест, црвената линија го претставува нивото на FSH во крвта, мерено секојдневно за време на кломифенскиот тест. Се забележува мало зголемување на нивото на FSH за време на тестот и неговото брзо враќање во нормала.
Ако нивото на FSH во крвта, на 3 или 10 ден од циклусот е над 10 се смета за абнормално, односно се смета дека во јајниците нема доволен број квалитетни јаце клетки.
Што значи негативен Кломифенски тест
Без оглед на возраста на жената негативен кломифенски тест предвидува неколку работи:
- Слабо реагирање на ампуларнаа терапија при лекување на неплодноса
- Помал број на подигнати и извадени јајни клетки
- Помали шанси за забременување со ИВФ или интраутерина инсеминација
- Повисок ризик за спонтан абортус
- Зголемен ризик за хромозомски абнормалности