ОВАРИЈАЛЕН ВОЛУМЕН

Волуменот на јајниците (овариумите) е огледало за бројот на јајце клетки во јајникот. Поголем овариум има повеќе јајце клетки од помал овариум. Познато е дека со годините бројот на јајце клетки спонтано се намалува поради нивна дегенерација. Следствено се намалува и плодноста кај жените.

Ние не можеме дидректно да го измериме бројот на јајце клетки во јајникот, но може лесно да го измериме волумент на јајникот и со тоа индиректно да дознаме за бројот на преостанати јајце клетки. Тоа се прави со трансвагинален ултразвук кога лесно можат да се измерат основните димензии на јајникот (должина, ширина и длабочина).

Мерење на оваријален волумен

По одредување на волуменот, ја пресметуваме “репродуктивната возраст“ на жената. Таа може да одговара на возраста или пак да биде поголема или помала од нејзината стварна возраст.

На пример, 35-годишна жена со многу мали јајници може репродуктивно да биде на 40 години. Обратно, 40-годишна жена со многу големи јајници, може репродуктивно да биде на возраст од 35 години.

На графиконот горе секоја линија претставува жени од различна возрасна група.  А=25 години, Б=30 години, C=35 години, Д=40 години, Е=45 години

Ако жена има 35 години таа припаѓа на групата В и се очекува волуменот на нејзините јајници да биде најмалку од 6 mL, но ако тој е помал, на пример 5 мл, тогаш таа репродуктивно одговара за 40 годишна жена. Обратно ако волуменот на нејзините јајниците е поголем (8 мл), тогаш нејзината „репродуктивна возраст“ би била како кај жена на 30 години.

Медицинските студии укажуваат дека волуменот на јајниците е поврзан со:

  • добро или лошо реагирање на ампуларна терапија при оваријална стимулација (жени со мали јајници  послабо реагираат од жени со поголеми јајници).
  • бројот на успешни бремености при ИВФ (жени со помали јајници имаат помалку успешни бременсти од жени со поголеми јајници)
  • времето до менопауза (жени со помали јајници имаат пократко време до менопауза од жени со поголеми јајници)