Охрид  | ПЗУ Захариевски

Контакт : +389 46 230-235

Гинеколошки скрининг

Гинеколошки скрининг се состои во детално разгледување на гинеколошката и медицинската историја на пациентката, гинеколошки преглед и преглед на дојката, одредување на боди мас индексот (БМИ), одредување на крвниот притисок, земање на ПАП тест и вршење на ултразвучен преглед на малата карлица

КОЈ ТРЕБА ДА ИМА ПАП ТЕСТ

Сите жени кои се сексуално активни треба да имаат ПАП тест. Се започнува на возраст од 21 година и се прават на секој три години.  Ако не сте имале сексуални односи до 19 години, најчесто нема потреба од ПАП тест бидејки ризикот за рак на грлото на матката е мал и вие немате ризик од ХПВ или друга сексуално пренослива болест
ПОВЕЌЕ

КОГА ТРЕБА ДА СЕ ПРАВИ ХПВ ТЕСТ

ХПВ тестовите можат да се користат за скрининг на рак на грлото на матката. Но тие се препорачуваат само за скрининг кај жени на 30 годишна возраст и постари. ХПВ-тестовите не се препорачуваат за жени помлади од 30 години, адолесценти или за скрининг на мажи.

ПОВЕЌЕ

ЦИН 1

ЦИН 1 е диспластична промена во клетките на грлото на матката од низок степен кој вклучува околу една третина од дебелината на епителот.

ПОВЕЌЕ

ЦИН 2

ЦИН 2 е диспластична промена во клетките на грлото на матката од повисок степен кој вклучува околу две третини од дебелината на епителот.

ПОВЕЌЕ

ЦИН 3

ЦИН 3 е диспластична промена во клетките на грлото на матката од висок степен кој вклучува повеќе од две третини од дебелината на епителот.

ПОВЕЌЕ

ЗА НАС

ПЗУ Захариевски Охрид

Булевар Туристичка 22

Охрид

046 230-235

ordinacija@zaharievski.com

Корисни линкови

БРЕМЕНОСТ

КАЛКУЛАТОРИ

5Д УЛТРАЗВУК

ЦИН 1,2,3

Сите права се задржани © 2021 ПЗУ Захариевски Охрид