Преглед на дојката

Како се прави клинички и ехо преглед на дојка, што е тоа БИ-РАДС класификација на ултразвуниот наод

Прегледот на гради се прави во седечка и лежечка позиција и се состои од неколку фази. Прво се оценуваат обликот, симетричноста, големината и контурата на дојкта, потоа се проверува дали постојат промени на кожата на дојката, брадавицата и ареолата околу неа.  Понатаму во лежечка позиција палпаторно се проверуваат сите четири квадранти на обете дојки како и областа под мишките.

Секоја тврдина (или грутка) во дојката се нотира и одредува нејзината позиција, осетливост, температура, големина, облик, површина, ивици, тврдост и подвижност во однос на соседното ткиво. Исто така се проверува дали има некаков секрет од брадавиците на  дојката. На крајот се проварува и таканаречената супраклавикларна фоса (областа над клучната коска).

Ултразвучен преглед на дојките најчесто се прави после клиничкиот преглед. Ултразвучниот апарат испраќа звучни бранови со кои се конструираат слики од внатрешните структури на дојката. Овие слики помагаат при оценување на карактерот на грутките на дојката. Ултразвукот е безбеден, неинвазивен и не користи зрачење.

На сликата се прикажани ултразвучни слики кај разни грутки во градите. Со анализа на изгледот на грутката (хипо/хипер ехогена), обликот (овален/ирегуларен), ивиците (јасно ограничени/аглести), ориентацијата (хоризонтална/ вертикална) и задната сенка (хипер/хипо ехогена) може со голема сигурност да се одреди карактерот на грутката како и да се донесе одлука за правење бипсија на грутката.

БИ-РАДС (BI-RADS / Breast Imaging Reporting and Data System) односно Систем за рапортирање и отчитување на приказот на дојка направен со ехо апарат, рентген апарат (мамограф) или магнетна резонанца (МРИ).  Со овој класификационен систем се оценува ризикот од рак на дојка и се обезбедува унифицираност на извештаите од наодите направени со секој од овие апарати. Подолу е прикажана БИ-РАДС класификацијата.

Секој преглед на сомнително место на дојка направен на ултразвучен ехо апарат или рентген апарат или магнетна резонанца треба да содржи БИ-РАДС класификација.

Застапеност на ракот на дојка

Еластографија-на-дојка

Бенигни промени во дојката