Охрид | ПЗУ Захариевски

Гинекологија Акушерство

Прогестеронски тест

Прогестерон е хормон кој главно се произведува во јајниците после овулација. Тој помага при всадување на оплодената јајце клетка во матката и понатаму во одржување на бременоста. Исто така се произведува и во постелката. Најголем дел од пациентите со неплодност сметаат дека ниско ниво на прогестерон е причина за неможност да забременат или да ја одржат бременоста. Ваквото размислување не е подржано од истражувањата.

Кој го создава прогестеронот

Прогестеронот се создава во клетките кои ја опкружуваат јаната клетка. Тие се нарекуваат гранулозни клетки и се означени со зелена боја на сликата подолу. Заедницата на гранулозни клетки и јајце клетката (ооцитата) се викаат фоликул. Гранулозните клетки растат и се развиваат за време на менструалниот циклус исто како и јајце клектата. До овулација гранулозните клетки главно произведуваат естроген. По овулацијата, тие главно произведуваат прогестерон а фоликулот се нарекува жолто тело.

Развој на фоликуло до антрален

Зошто е тешко мерењето на прогестерон во крвта

Создавањето на прогестерон во гранулозните клетки не е континуирано туку во пулсеви како на графичкиот приказ подолу. 

Варирање на нивото на Прогестерон

Ако земеме крв еднаш (обично на 21 ден од циклусот)  лесно може погрешно да „заклучиме“ дека нивото на прогестерон е високо или ниско (границата е ставена на 10 ng/mL) што не одговара на стварноста.

Кога е корисно да се направи проверка на нивото на прогестерон во крвта

 

Прогестеронот е најкорисен кога се прави за проценка на овулацијата. Гранаицата во овој случај е ставена на 2,5 ng/mL. Во други случаи проверката на прогестерон не е толку корисна. Нема многу докази дека „ниско“ ниво на прогестерон предизвикува неплодност или спонтан абортус. Меѓутоа бидејки давањето на прогестерон е лесно,  едноставно и не е толку скапо, најчесто се дава според паролата „за секој случај, важно нема штета“  ( се греши на страна на претпазливоста).

 

Ова значи дека повеќето жени кои се загрижени за нивното „ниско“ ниво на прогестерон најверојатно немаат проблем. Најголем број од овие пациентки примаат и прогестеронска терапија бидејки примањето скоро да нема ризици. Но, пациентите треба да ја знаат оваа филозофија за да не размислуваат во правец дека имаат сериозно заболување кое ги спречува да забременат без терапија.

Дели некогаш се препорачува лекување со прогестерон?

Да. Кога при лекување на неплодност се користат лекови за спречување на предвремена овулација. Овие лекови може да бидат или GnRH агонисти (Лупрон) или GnRH антагонисти (Ганиреликс, Цетротид). Кога се користат овие лекови, производството на прогестерон од јајниците е намалено. Поради тоа, давање на прогестерон во овие случаи ги подобрува шансите за забременување.

Ако се зема прогестеронот од овие причини нема потреба од негова проверка во крвта.