Охрид | ПЗУ Захариевски

Гинекологија Акушерство

Трет триместар од бременоста – Водич недела по недела

Бремена жена држи витамини

📅 Водич по недели – Трет триместар од бременоста

Третиот триместар (од недела 27 до породувањето) е период кога бебето интензивно расте, а телото се подготвува за раѓање. Во продолжение следува неделен водич со најважните промени и очекувања.


Недела 27–28: Почеток на третиот триместар

  • Бебето отвора очи и реагира на светлина
  • Мајката може да има проблеми со спиењето
  • Почетни контракции (Braxton Hicks)

Недела 29–30: Развој на мозокот и органите

  • Бебето има околу 1.3–1.5 kg
  • Се зајакнуваат коските и мускулите
  • Почнува редовно следење на движењата на бебето

Недела 31–32: Поголема активност на бебето

  • Бебето вежба дишење со амнионска течност
  • Мајката може да чувствува поголема тежина и притисок

Недела 33–34: Подготовки за породување

  • Бебето се позиционира со главата надолу
  • Може да се појават болки во карлицата и лажни контракции
  • Совет: започнете со подготовка на торба која ке ја понесете во болница

Недела 35–36: Завршни подготовки

  • Бебето тежи околу 2.5 kg
  • Гинекологот ја проверува положбата на бебето и подготвеноста на грлото на матката
  • Се прави тест за Група Б стрептокок

Недела 37–40+: Термин и чекање

  • Бебето се смета за доносено (од 37 недела)
  • Секојдневно следете ги движењата на бебето
  • Првите знаци на породување: контракции, водењак, болка во грб