Охрид  | ПЗУ Захариевски

Контакт : +389 46 230-235

5Д Ултразвучна Дијагностика

5Д е современа ултразвучна технологија која овозможува реална визуелизација на бебето или како што многумина велат – гледање на бебето во живо. Тоа се прикажува со црвеникава/розова боја токму онака како што тоа природно изгледа во матката.

5Д УЛТРАЗВУК

Покрај природната визуелизација на бебето 5Д ултразвучната технологија овозможува автоматизација на биометриските мерења на бебето. Софистициранте алгоритми ги препознаваат феталните структури и автоматски ги мерат. Ова овозможува посигурни и попрецизни мерења.

4Д УЛТРАЗВУК

4Д технологијата овозможува гледање на бебето во живо како на филм, може да се види како бебето се насмевнува или зева. Оваа технологија го прикажува бебето како на тродимензионална слика но исто така ги прикажува и неговите движења.

3Д УЛТРАЗВУК

3Д е напредна ултразвучна технологија која доловува вистинската тродимензионална слика на бебето, дозволува можност и за гледање на специфични карактеристики на лицето или одредени формации.

Исто така особено се користи во гинекологијата за 3Д прикажување на матката и откривање на разни аномалии како аркуатен утерус, диделфус, бикорнис итн …

2Д УЛТРАЗВУК

2Д е традиционален метод на ултразвучна технологија што се користи со години. 2Д произведува рамна, дводимензионална, црно-бела слика на бебето. Коските на бебето се истакнати со бела боја.

ЗА НАС

ПЗУ Захариевски Охрид

Булевар Туристичка 22

Охрид

046 230-235

ordinacija@zaharievski.com

Корисни линкови

БРЕМЕНОСТ

КАЛКУЛАТОРИ

5Д УЛТРАЗВУК

ЦИН 1,2,3

Сите права се задржани © 2021 ПЗУ Захариевски Охрид