Охрид | ПЗУ Захариевски

Гинекологија Акушерство

Што е анти-милеровиот хормон (AMH)?

Што е Анти-Милеровиот Хормон (АМХ)

    Анти-милеровиот хормон (АМХ) е молекула произведена во клетките кои ја опкружуваат јајце клетката (гранулозните клетки). AMH примарно се произведува од фоликули со дијаметар помал од 4 mm. Производството на АМХ се намалува со растот на фоликулите и престанува кога ќе надминат 8 mm во големина. Нивото на AMH во крвта останува релативно стабилно, што го прави да се тестира во секој момент од менструалниот циклус. АМХ е еден од најчесто користените тестови за одредување на резервите на јајниците.

     

    Што е оваријална резерва

    Оваријална резерва е термин кој ја опишува веројатноста за зачнување здраво бебе со користење на сопствените јајце клетки. За да се разбере врската помеѓу AMH и оваријалната резерва, од суштинско значење е да се разбере како јајце клетките се складираат во јајниците.

    Женскиот фетус почнува да формира јајце клетки рано во бременоста (пред 20-та недела). Овие клетки се развиваат во јајниците, опкружени со рамни клетки наречени гранулозни клетки. Комбинацијата на јајце-клетка и гранулозни клетки се нарекува фоликул.

     

    фоликул составен од јајце клетка и гранулозни клетки

     

    Бројот на фоликули постојано се зголемува до околу 20-тата недела од бременоста (неколку милиони). Од тој момент па натаму, создавањето на нови фоликули престанува, а постоечките фоликули почнуваат да се намалуваат. При раѓањето, бројот на фоликули е намален на неколку стотици илјади.

     

     

    Графикон: Опаѓање на јајце клетките низ годините

     

     

    Редукцијата и дегенерацијата на јајце клетките продолжуваат додека не се исцрпат сите фоликули. Околу пубертетот, фоликулите почнуваат повторно да се развиваат, насочени кон овулација, процес познат како фоликулогенеза. Фоликулогенезата трае приближно 375 дена или околу 13 менструални циклуси. Овој процес е континуиран, па во секој момент жената има фоликули во различни развојни фази.

    Како се развиваат фоликулите

    • Примордијална фаза: Ова е единствениот фоликул присутен кај фетусот. Кај возрасни жени, повеќето фоликули се исто така во оваа фаза. Овој фоликул е мал и не се гледа на ултразвук. Содржи еден ред рамни гранулозни клетки и незрела, неактивна јајце клетка. Не реагира на хормони и не произведува АМХ. Оваа неактивна фаза на фоликулот може да трае до 50 години. Меѓутоа, во одреден момент, преку нецелосно разбран процес, овие неактивни фоликули се „активираат“ и продолжуваат да се развиваат.

     

     

    Првобитен филикул со јајце клетка и еден ред плочести гранулозни клетки

     

     

    • Примарен фоликул: По активирањето, јајце клетката почнува да расте, а гранулозните клетки стануваат кубоидни. Активираниот фоликул се нарекува примарен фоликул. Сега влегува во развојна фаза која трае 375 дена, завршувајќи со овулација или дегенерација. Примарните фоликули, исто така, не реагираат на хормони, не се видливи на ултразвук и не произведуваат АМХ.
    • Секундарен фоликул: По приближно 290 дена, примарниот фоликул станува секундарен фоликул. Јајце клетката продолжува да расте, а гранулозните клетки сега имаат два реда. На крајот на оваа фаза, секундарниот фоликул започнува да произведува АМХ и понекогаш се нарекува предантрален фоликул. Сэ уште е премногу мал за да се види на ултразвук, но почнува да реагира на хормони. Пре-антралните фоликули имаат дијаметар од околу 0,2 мм и имаат приближно 65 дена до овулацијата.

     

     

    Секундарен фоликул со поголема јајце клетка и два реда гранулозни клетки

    • Антрален фоликул: Оваа фаза трае околу 50 дена. Јајце клетката и фоликулот продолжуваат да растат и развиваат. Фоликулот има дијаметар од 2-10 мм и е видлив на ултразвук. Гранулозните клетки на антралните фоликули произведуваат АМХ и естроген. Тие брзо реагираат на хормонот ФСХ од хипофизата, зголемувајќи го производството на естроген. И естрогенот и ФСХ се неопходни за понатамошен развој на фоликулите. Меѓутоа, како што растат фоликулите, производството на АМХ се намалува, така што фоликулите поголеми од 8 мм не произведуваат АМХ.

    Развој на фоликуло до антрален

     

     

    • Предовулаторен фоликул: Околу 8-10 дена пред овулацијата, еден од фоликулите се избира да продолжи да се развива до последната фаза – овулација. Големината на овој фоликул непосредно пред овулацијата е 20-22 мм.

    Важна забелешка: АМХ се произведува исклучиво во гранулозните клетки на предантралните и антралните фоликули. Нивото на АМХ го покажува бројот на фоликули, а бидејќи во секој фоликул има по една јајце клетка, АМХ индиректно укажува на бројот на јајце клетки (повеќе АМХ значи повеќе јајце клетки и обратно).

    АМХ опаѓа со возраста

     

    Како што постојано се намалува бројот на примордијални фоликули, така автоматски се намалува и бројот на сите други фоликули кои потекнуваат од нив. Затоа, бројот на примарни, секундарни и антрални фоликули се намалува последователно. Бидејќи вторите произведуваат АМХ, се претпоставува дека неговото ниво се намалува како што минуваат годините.

     

    Оваа варијација во нивоата на АМХ е илустрирана во табелата подолу. (Перцентил – споредба на индивидуален резултат со другите во групата).

    Антимилериан Хормон (АМХ) во зависност од возраста

     

    Ако 18-годишна девојка има AMХ помал од 1,1 (вредност помала од 10-ти перцентил)  тоа значи дека нејзината оваријална резерва во споредба со другите е многу слаба (90%  од другите девојки на нејзина возраст имаат повисоко ниво на AMХ – односно подобра оваријална резерва).

     

    Ако 32-годишна жена има AMХ од 2,1 (точно на 50-ти перцентил) значи дека споредено со другите жени на нејзина возраст 50% имаат повисок AMХ и 50% имаат понизок AMХ.

     

    Ако 40-годишна жена има AMХ од 2,5 (многу повисок од 50-ти перцентил) значи дека споредено со другите жени на нејзина возраст таа има многу подобра оваријална резерва.

    Важна забелешка: вкупниот број на антрални фоликули укажува на потенцијалот за плодност (колку повеќе антрални фоликули толку поголема шанса за забременување и толку поголем АМХ). 

    АМХ и оваријална резерва

     

    Анти-милеровиот хормон (AMH) првенствено се мери за да се проценат резервите на јајце клетки во овариумите. Жените со ниски нивоа на АМХ имаат пониска резерва на јајцеклетки во споредба со оние со повисоки нивоа на АМХ. Овој хормон исто така се користи за идентификување на жени кои слабо ќе реагираат на оваријална стимулација и воопшто на парови кои имаат намалени шанси за успех во нивниот третман за плодност.

    АМХ и третман на плодноста

     

    Како што споменавме погоре жените со намалена оваријална резерва (потврдена со ниски нивоа на АМХ), често имаат послаб одговор на лековите за стимулација во споредба со другите жени. Примената на агресивни протоколи (високи дози на лекови за стимулација) со цел да се постигне доволен број зрели јајце клетки представува предизвик, во вакви случаи стапката на неуспех е висока. Ова првенствено се должи на слаб или никаков одговор на оваријалната стимулација.

     

    Најважно е да се знае дека во вакви случаи дури и по успешна стимулација, квалитетот на јајните клетки најчесто е послаб. Кај жените со АМХ под 0,5  успешен ембрио трансвер обично се постигнува во само 1/3 од случаите, додека кај оние со АМХ над 2,0 ембрио трансвер се постигнува во 99% од случаите.