Охрид | ПЗУ Захариевски

Гинекологија Акушерство

Како да ја проверите вашата оваријална резерва: броење на антрални фоликули

Броењето на антрални фоликули на почетокот од вашиот менструален циклус е уште еден метод за проценка на преостанатите фоликули во вашите јајниците (вашата оваријална резерва).

Антралните фоликули се мали сферични формации во јајниците кои содржат јајце клетки. Оваа статија објаснува како броењето на антрални фоликули може да укаже на намалена резерва на јајниците и проблеми со плодноста. Денешната ултразвучна технологија на среќа овозможува и нивно броење и одредување на нивната големина (околу 9 или 10 mm на почетокот на менструалниот циклус, како на сликата погоре).

Како што минуваат годините бројот на антрални фоликули значително се намалува. Тоа е индиректен доказ дека се намалува и бројот на квалитетни јајце клетки во јајниците (како на сликата подолу).

Правилото важи за сите жени и за сите возрасти. Ако на пример кај помлада жена се најде дека има помал број на антрални фоликули то значи дека и кај неа е намалена оваријалната резерва и покрај нејзината млада возраст. За потврда служи фактот дека ваквите пациентки послабо реагираат на медикаментозна оваријална стимулација, имаат поголема стапка на откажани ИВФ циклуси или во случај на спроведена ИВФ постапка имаат помала стапка на бременост.

 

Најголем број автори сметаат дека кога нивниот број е помал од вкупно четири во обата овариуми дијагнозата на намалена оваријална резерва може да се потави.