Охрид | ПЗУ Захариевски

Гинекологија Акушерство

КЛОМИФЕНСКИ ТЕСТ

Кломифенскиот тест е уште еден тест за проверка на оваријалната резерва. Понекогаш се прави пред Ин Витро Фертилизација (ИВФ), односно пред да се започне со давање на ампуларна терапија со цел да се предвиди како ќе реагира телото на овие лекови. Сите знаеме дека ИВФ е скапа процедура (финансиски, емотивно и физички). Од таа причина правење на тестот пред започнување со ампуларна терапија овозможува избегнување на разочарување и заштеда на пари и време.

 

 

Зошто го правиме кломифенскиот тест

Лекарите од секогаш сакале да бидат во позиција да предвидат кои жени ќе останат бремени со сегашниот начин на лекување а кои не. Тоа обично зависи од повеќе фактори, возраста е најважниот фактор, но има и други фактори како на пример: пушењето, генетиката, операции на јајниците и хемотерапијата кои исто така ја намалуваат оваријалната резерва.

 

За разлика од мажите, жените се раѓаат со фиксен број на јајни клетки кои понатаму во животот само се намалуваат. Терминот оваријална резерва се користи за опис на бројот и квалитетот на преостанатите јајни клетки како и за веројатноста дали жената ќе забремени. Оваријалната резерва може да биде добра или слаба.

 

Негативен кломифенски тест означува слаба оваријалната резерва и слаба веројатност за успешна бременост,  додека позитивен кломифенски тест означува добра оваријална резерва и висока веројатност за успешна бременост.

 

Разбирање на кломифенскиот тест

Логиката е следна. На почетокот од циклусот хипофизата произведува ФСХ (Фоликуло стимулирачки хормон) со цел да ги развива фоликулите. Како што тие се развиваат се повеќе произведуваат два хормона: естроген и инхибин-Б кои од своја страна го намалуваат производството на ФСХ во хипофизата. Колку повеќе има естроген и инхибин-Б во крвта толку помалку се произведува ФСХ во хипофизата.

 

 

Кога се прави тестот, кломифен таблетите се земаат од 5-9 ден од циклусот и тие краткотрајно го зголемуваат нивото на ФСХ во крвта, последователно фоликулите го зголемуваат производство на естроген и инхибин-Б. Нивното зголемено присуство во крвта пак го намалува нивото на ФСХ. За да провериме дали тоа се случува два пати земаме крв за проверка на нивото на ФСХ, на 3-ти и 10-ти ден односно пред и по давање на кломифен таблетите.

 

 

Ако во јајниците нема доволен број квалитетни јајце клетки нема да се произведе доволно естроген и инхибин-Б за да го вратат нивото на ФСХ назад во нормала, затоа ФСХ останува висок.

 

 

Кломифенски тест за оваријалната резерва

 

На сликата е прикажано како нормално се движи нивото на ФСХ (црвената линија) во тек на кломифенскиот тест. Се забележува мало зголемување на FSH за време на тестот и неговото брзо враќање во нормала.

 

Ако нивото на FSH во крвта, на 3 или 10 ден од циклусот е над 10 се смета за абнормално, односно дека јајниците не содржат доволен број квалитетни јаце клетки.

 

Негативен кломифенски тест

Без оглед на возраста на жената негативен кломифенски тест предвидува дека: 

  • жената послабо ќе реагира на ампуларнаа терапија при лекување на неплодноса
  • ќе има помал број подигнати и извадени јајни клетки
  • ќе има помали шанси за забременување со ИВФ или интраутерина инсеминација
  • ќе има повисок ризик за спонтан абортус
  • ќе има зголемен ризик за хромозомски абнормалности