Охрид | ПЗУ Захариевски

Гинекологија Акушерство

COVID-19 Вакцина треба да примат сите бремени жени и сите доилки

Препорака

COVID-19 вакцината треба да ја примата сите бремени жени, сите доилки и сите жени кои сакаат да забременат. Вакцината треба да се прими веднаш без одлагање до 12 недела од бременоста. Таа не предизвикува неплодност кај жените или мажите. COVID-19 вакцината не наштетува нити на мајката нити на бебето.

Кој светски авторитети стојат зад овие препораки

Препораките се објавени од највисоките светски авторитети како што се Агенцијата за Контрола на Болестите (CDC) на САД, Агенцијата за контрола на болести на Европската Унија, RCOG на Велика Британија итн.

Светската Здравствена Организација (СЗО) препорачува бремените жени да се вакцинираат бидејки придобивките од вакцинацијата ги надминуваат потенцијалните ризици. Бремените жени кои примиле mRNA вакцини (Phizer Biontech) развиваат антитела кои преминуваат во папочна врвца и мајчино млеко и на тој начин истовремено се заштитени и нивните деца.

Дали COVID-19 вакцината ја намалува плодноста

Не. Нема докази дека било кои вакцини, вклучително и COVID-19 вакцината, ја намалуваат плодноста кај жените или мажите.

Дали бремените жени позитивни на COVID-19 потешко поминуваат

Да, споредено со небремените жени, бремените имаат зголемен ризик од потешка форма на COVID-19 инфекција.

Како најдобро да се заштитам од COVID-19 инфекција

Само со COVID-19 вакцина која треба да се прими веднаш.

Кој е ризикот ако не се вакцинирам против COVID-19

,Во споредба со бремена жена вакцинирана против COVID-19, бремената жена која не е вакцинирана има:

  • Зголемен ризик од посериозна форма на болест, особено ако заразата била по 28 недела од бременост,
  • Зголемен ризик од хоспитализирање,
  • Зголемен ризик за мртвороденче или предвремено раѓање,
  • Зголем ризик за уште потешка болест ако предходно има дополнителни медицински состојби (диабет, астма, висок притисок, итн),

Сето тоа може лесно да се избегне со вакцинирање.

COVID-19 вакцината не предизвикува зараза бидејки:

 НЕ содржи жив коронавирус

➤  НЕ содржи дополнителни состојки кои се штетни за мајката и бебето

 

Зошто сеуште има сомневање во COVID-19 вакцината?

Има три причини поради кои постојат сомневања во вакцината;

  • бремените жени не беа вклучени во студиите на почетокот од пандемијата,
  • при вакцинирањето може да се јават благи, несакани ефекти: реакции на местото на инјектирање (болки во раката), замор,  главоболка, болки во мускулите, треска, болки во зглобовите,
  • и затоа што многу ретко беа пријавени сериозни несакани ефекти како тромбоза (згрутчување на крвта) по примање на вакцината АстраЗенека

Наспроти горните сомневања, денес знаеме дека:

 

  • До август 2021 година:
    • Анализите од испитувањата покажаа дека вакцината е многу ефикасна и безбедна за голем број луѓе.
    • Дека таа е безбедна и за бремените жени поради фактот што на доброволна база до тој период, со вакцините на Pfizer или Moderna се вакцинираа над 200,000 бремени жени (147,000 во САД и 55,000 во Англија) од кои нити една нема добиено штетни ефекти во бременоста.
  • Благите несакани ефекти од примање на вакцината немаат влијание врз бременоста.
  • Ризикот од тромбоза поради вакцината е ист и за бремените и за небремените жени. После вакцинирањето со Pfizer или Moderna нема пријавено случај со тромбоза, затоа за бремените жени се препорачуваат токму овие две вакцини.
Кога се дава вакцината, дали да примам трета вакцина?

Вакцината е безбедна и ефикасна во било која фаза на бременоста. Не треба да се чека до 12 недела од бременоста.

Една доза на COVID-19 вакцината дава добра заштита од инфекција, но поради новите соеви  на вирусот, потребни се две дози за повисоко ниво на имунитет. Втората доза се дава 3 – 4 недели по првата и најдобро да се прими пред породување или пред 28-та недела од бременост (кога ризикот од сериозно заболување со COVID-19 е најголем).

Дополнителна или бустер доза (трета вакцина) може да се даде 4-6 месеци по примање на втората доза. Придобивките се зголемен имунитет бидејќи со текот на времето слабее ефективноста на претходните две дози.

Кога е дополнително зголемен ризикот од зараза или потешка форма на COVID-19

Ризикот од зараза со COVID-19 ви е дополнително зголемен ако:

  • вие или некој од вашето семејство е здравствен работник, социјален работник или работи во дом за нега на други лица,
  • во местото на живеење има висок процентот на заразени со СОВИД-19 или ако тенденцијата на зараза се зголемува
  • имате чести контакти со луѓе кои живеат надвор од вашиот дом
  • до крајот на бременоста не сте во можност да се придржувате до правилата за социјалното дистанцирање
  • живеете во стеснети услови

Ризикот од потешка форма на COVID-19 ви е дополнително зголемен ако:

  • Имате дополнителни здравствени состојби како: имунолошки проблеми, дијабетес, висок крвен притисок, срцеви заболувања или астма
  • Имате прекумерна тежина (БМИ 25 или повеќе)
  • Имате повеке од 35 години
  • Вие сте над 28 недели бремени
Заклучок

Силно се препорачува да ја примите COVID-19 вакцината во текот на бременоста, веднаш и без одлагање. Таа е најдобра заштита и за мајките и за бебињата од последиците на COVID-19 инфекција.

Треба да ја примат:

  • сите бремени жени (особено оние со дополнителни медицински состојби)
  • сите доилки
  • сите оние кој се обидуваат да забременат