Охрид  | ПЗУ Захариевски

Контакт : +389 46 230-235

Бременост

  • Калкулатор на бременост по недели и месеци
    Едноставен и лесен за употреба калкулатор за бременост базиран на најпопуларниот метод со  кој се одредува датумот за породувањето – последната менстрауција. Покрај тоа нуди и многу други информации за вашата бременост.

 

  • 5Д-Ултразвучна технологија
    Како најнов напредок во технологијата за ултразвук, HD и HD Live (исто така наречени 5D) ултразвук ни овозможуваат уште појасни и поостри слики.
СКРИНИНГ - УЛТРАЗВУК

Ултразвучниот скрининг го користиме за проверка на правилниот развој на фетусот, за присуство на нормална количина на плодова вода, за позицијта на постелката, за проверка на можни анатомски аномалии како и за функционална проверка на неговата состојба преку мерење на крвните протоци во одредени крвни садови.

ПОВЕЌЕ

СКРИНИНГ ЗА ХРОМОЗОМСКИ АНОМАЛИИ

Шансата за раѓање на бебе со хромозомска аномалија општо земено изнесува 1 на секој 150 бремености или 0,66%. Овој процент варира со возраста на мајката. На пример ризикот на возраст од 20 год е 0,2 %, на 35 год е 0,5%, на 40 год е 1,5% додека на 49 год изнесува 14%. За нивно откривање прво правиме таканаречени неинвазивни скрининг тестови (ултразвук на плодот или земање на  крв од вена на мајката). Само кога овие тестови се позитивни преминуваме кон инвазивни дијагностички тестови (земање на примерок од плодовата вода или од ресиците на постелката од плодот) со што се потврдува или се исклучува постоењето на хромозомска абнормалност во бебето.

ПОВЕЌЕ

СКРИНИНГ ЗА ИНФЕКЦИИ

Во текот на бременоста се прават проверки на одредени инфекции кои можат да ја загрозат бременоста. Меѓу нив спагаат ХИВ, Хепатит Б, сифилис, кламидија, микоплазма, уреаплазма и стрептококната инфекција од групата Б.

ПОВЕЌЕ

СКРИНИНГ ЗА СКРИЕН ШЕКЕР ВО БРЕМЕНОСТА

Секоја жена во текот на бременоста може да развие таканаречен гестациски диабет кој од своја страна може сериозно да го загрози плодот. Овој тест се прави од 24 до 28 недела на бременоста со цел да се спречи оваа состојба.

ПОВЕЌЕ

ЗА НАС

ПЗУ Захариевски Охрид

Булевар Туристичка 22

Охрид

046 230-235

ordinacija@zaharievski.com

Корисни линкови

БРЕМЕНОСТ

КАЛКУЛАТОРИ

5Д УЛТРАЗВУК

ЦИН 1,2,3

Сите права се задржани © 2022 ПЗУ Захариевски Охрид