📍 Охрид · Специјалистичка ординација по гинекологија и акушерство046 230 235

Калкулатор на бременост по недели и месеци

Лесно и брзо одредување на сите важни датуми во вашата бременост — термин за породување, бремени недели и месеци, и датумот кога завршува секоја бремена недела.

Важно за точноста на пресметката

Калкулаторот го проценува терминот за породување врз основа на датумот на последната менструација и должината на менструалниот циклус. Кај нередовни менструални циклуси, оваа пресметка може да биде помалку точна. Кај бремености постигнати со ин витро оплодување (ИВФ), датирањето се врши според датумот на ембриотрансфер и возраста на ембрионот. Доколку вашиот гинеколог веќе ја утврдил гестациската возраст или терминот за породување врз основа на клиничките податоци и ултразвучниот преглед, користете го тој утврден термин, а не нова пресметка според последната менструација.

Прв ден од последната менструација (П.М.)
Датирање на друг датум (опционално)

Традиционално, очекуваниот термин за породување се пресметува со додавање 280 дена (40 недели) на првиот ден од последната менструација, при претпоставка за редовен менструален циклус од 28 дена. Очекуваниот датум на породување е ориентационен, бидејќи породувањето не мора да започне токму на пресметаниот ден. Времетраењето на бременоста и оптималното време за породување зависат од индивидуалните околности. Датирањето може да се коригира според ултразвучен преглед.

Времетраењето на бременоста се изразува во навршени гестациски недели и денови. Породувањето од 39 недели и 0 дена до 40 недели и 6 дена се класифицира како породување во полн термин. Сепак, најсоодветното време за породување зависи од здравствената состојба на мајката и плодот и се определува индивидуално. Според гестациската возраст, терминот за породување се дели на следните категории:

  • Ран термин: од 37 недели и 0 дена до 38 недели и 6 дена
  • Полн термин: од 39 недели и 0 дена до 40 недели и 6 дена
  • Доцен термин: од 41 недела и 0 дена до 41 недела и 6 дена

Не постои еден идеален датум за породување што важи за сите бремености. Времето и начинот на породување се планираат според текот на бременоста и медицинските индикации, во консултација со гинекологот. Пресметката во калкулаторот е прилагодена според должината на вашиот менструален циклус, при што секој ден над или под 28 дена соодветно се додава или одзема.

Породилното боледување може да се отвори најрано 45 дена пред очекуваниот термин. Подетално: калкулатор за породилно боледување.

Калкулаторот е информативен и не заменува лекарски преглед. Резултатите се ориентациони.

Што нуди калкулаторот за бременост?

  • Ги пресметува датумите на навршување на гестациските недели врз основа на внесените податоци. Пресметаните датуми се ориентациони и зависат од точноста на датирањето на бременоста.
  • Секоја бремена недела е проследена со линкови за дополнителни информации за таа бремена недела.
Прв ден од последната менструација (П.М.)

Практична корист на калкулаторот

  • Ви помага полесно да ја разберете гестациската возраст и да ги планирате редовните прегледи во консултација со вашиот гинеколог.
  • Овозможува ориентациона проценка на очекуваниот термин за породување и на важните периоди во текот на бременоста, без да ја замени индивидуалната медицинска проценка.
📞 ПовикајЗакажи гинеколошки преглед