zaharievski.com
1. Кој е одговорен за веб-страницата?
Со веб-страницата zaharievski.com управува Приватна здравствена установа – Специјалистичка ординација по гинекологија и акушерство ЗАХАРИЕВСКИ Охрид.
Адреса: Булевар Туристичка бр. 22, 6000 Охрид, Република Северна Македонија
Е-пошта: ordinacija@zaharievski.com
Телефон: 046 230 235 / 071 936 426
Оваа политика се однесува исклучиво на користењето на веб-страницата и услугите за закажување достапни преку неа, а не на медицинската документација што се води во Ординацијата.
2. Дали веб-страницата собира лични податоци?
Веб-страницата zaharievski.com има првенствено информативна намена и не бара регистрација, отворање корисничка сметка или внесување лични податоци за читање на содржините.
Информативните калкулатори работат во прелистувачот на посетителот, без испраќање на внесените податоци до Ординацијата.
Cloudflare обезбедува хостирање и заштита на веб-страницата. При отворање на веб-страницата може да обработува одредени технички податоци, како IP-адресата, за овозможување пристап и заштита.
Пациентите можат да комуницираат со Ординацијата по телефон, е-пошта, SMS или Viber, или да закажат гинеколошки преглед преку надворешната услуга Google Calendar, како што е објаснето во следниот дел.
3. Онлајн закажување прегледи
За онлајн закажување гинеколошки прегледи се користи Google Calendar. Посетителите избираат слободен термин и ги внесуваат основните податоци потребни за закажувањето, кои се обработуваат преку услугата на Google.
За резервирање термин не се бара внесување целосно име и презиме. Пациентот може да наведе само име или кратка ознака, како „пациент“. При телефонско закажување, Ординацијата вообичаено евидентира само име или кратка ознака („пац“) и времето на терминот.
При онлајн закажување, Google Calendar испраќа потврда за резервираниот термин по електронска пошта и овозможува негово откажување. Во рамките на оваа постапка, Google може да обработува податоци поврзани со електронската адреса и корисничката сметка, согласно својата политика за приватност.
Календарот за закажување служи за организација на термините и не претставува медицинска документација. За закажување не се бараат медицински податоци или опис на симптомите. Пациентите можат самоиницијативно да наведат кратка информација за видот на прегледот.
Информации за обработката на личните податоци од страна на Google при користењето на Google Calendar се достапни во Политиката за приватност на Google.
За лабораториски испитувања — спермограм и ДНК-фрагментација на сперматозоиди — термините се закажуваат телефонски на 070 446 727 и се евидентираат во посебна интерна апликација на Ординацијата за закажување.
4. Веб-аналитика и надворешни услуги
На веб-страницата не се користат услуги за следење и анализа на посетеноста, како Google Analytics и Cloudflare Web Analytics.
Cloudflare обезбедува хостирање, испорака и заштита на веб-страницата и за тие цели може да обработува технички податоци, како IP-адресата.
Интерактивната мапа на Google Maps се вчитува само по избор на посетителот. При користење на Google Calendar, Google Maps или Viber може да се обработуваат податоци согласно правилата за приватност на соодветните даватели.
5. Чување на податоците и вашите права
Веб-страницата zaharievski.com не води сопствена база на лични податоци за посетителите.
Податоците за закажување се чуваат во Google Calendar. Секојдневно автоматизирано чистење ги брише записите за минатите термини постари од седум дена. Ова се однесува на записите за термините во календарот; не подразбира бришење на резервните копии или логовите на Google.
Старите пораки по е-пошта и Viber редовно се бришат. Надворешните даватели може да имаат сопствени рокови за чување на податоците.
Можете да побарате информации за обработката и пристап до вашите лични податоци, како и исправка на неточни или нецелосни податоци. Бришење, ограничување на обработката, преносливост на податоците и приговор на обработката се остваруваат кога се исполнети применливите законски услови.
За прашања поврзани со приватноста можете да се обратите на ordinacija@zaharievski.com. Можете да поднесете и претставка до Агенцијата за заштита на личните податоци на https://azlp.mk.
6. Измени на политиката
Оваа политика може да се ажурира при промени во функционирањето на веб-страницата, користените услуги или применливите прописи. Ажурираната верзија ќе биде објавена на оваа страница со датум на последното ажурирање.