📍 Охрид · Специјалистичка ординација по гинекологија и акушерство046 230 235
Андрологија · Машка плодност

Спермограм во Охрид

Наод за вашиот лекар или постапката за ИВФ.

Анализа на семе: број, подвижност и облик на сперматозоиди. Писмен наод со потпис и печат од специјалист.

Дискретнои доверливо
Ист ден*готов резултат

* За примероци доставени до 12:00 часот.

Што се анализира

Анализата ги проверува квалитетот и виталноста на сперматозоидите, според референтните вредности на Светската здравствена организација.

Број

концентрација и вкупен број на сперматозоиди

Подвижност

колкав дел од сперматозоидите се подвижни и прогресивно подвижни

Облик

морфологија — правилна форма на главата и опашката

Семена течност

волумен, pH вредност, втечнување и изглед

Цени

Спермограм
3.000 ден.
Тест за фрагментација на ДНК (SCD)Дополнително, по препорака на докторот и само кога квалитетот на примерокот го дозволува.
6.000 ден.

Анализите не се покриени од ФЗОМ.

Како изгледа постапката

  1. 1

    Закажете термин

    Термините се закажуваат само телефонски на 070 446 727. Ќе ви кажеме како да се подготвите.

  2. 2

    Подготовка

    Ве молиме 2 до 5 дена пред давањето на примерокот да немате ејакулација (апстиненција).

  3. 3

    Давање примерок

    Во ординацијата, или дома — на телесна температура и доставен во рок до 60 минути. Понесете лична карта.

  4. 4

    Резултат

    Истиот ден за примероци доставени до 12:00 часот, со објаснување на наодот.

Повеќе за спермограмот и резултатите →

Каде сме

Адреса
Бул. Туристичка 22, Охрид
Работно време
Понеделник – петок, 08:00 – 15:00
Лабораторија
070 446 727
Ординација
046 230 235 · 071 936 426
Ординација — Viber / SMS
071 936 426
Отвори во Google Maps
Мапа – ПЗУ Захариевски, Охрид (Бул. Туристичка 22, Охрид)Map data ©2026 Google

Често поставувани прашања

Како да се подготвам за спермограм?

Ве молиме 2 до 5 дена пред давањето на примерокот да немате ејакулација (апстиненција). Ако земате хормонски или хербални лекови, договорете се претходно со докторот.

Може ли примерокот да се даде дома?

Да. Примерокот можете да го дадете дома, во стерилна чашка за примерок која ја добивате во ординацијата или можете да ја купите во аптека. Примерокот треба лично да го донесете во ординацијата во рок до 60 минути од давањето. Понесете лична карта за да го потврдиме вашиот идентитет.

  • Пред давањето на примерокот измијте ги рацете.
  • Не користете лубрикант или кондом — тие може да ги оштетат сперматозоидите и да го променат резултатот.
  • По давањето, цврсто затворете ја чашката и на неа напишете: име и презиме, датум на раѓање и датум и час на давање.
  • Чувајте го примерокот на телесна температура (на пример, во внатрешен џеб, блиску до телото). Не го ставајте во ладилник, на ладно или на сонце.
Кога е готов резултатот?

Резултатот најчесто е готов истиот ден ако примерокот е доставен до 12:00 часот.

Дали анализата е покриена од ФЗОМ?

Не, анализите не се покриени од ФЗОМ. Цените се наведени погоре, во делот „Што се анализира“.

Што ако резултатот не е во ред?

Бројот на сперматозоиди варира од ден на ден, па за конечна проценка често се прават две до три анализи. Докторот ќе ве советува дали се потребни дополнителни испитувања.

Закажете спермограм

За спермограм и ДНК-фрагментација на сперматозоиди, закажете само телефонски на 070 446 727.

Содржината е информативна и не заменува лекарски преглед.